Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бајонтек“ соопштија дека хакерите пристапиле до одредени регулаторни документи поврзани со развојот на вакцината за коронавирус за време на нападот врз системот на Европската агенција за лекови (ЕМА).
Американските и германските компании немаа повеќе детали за самиот напад, велејќи дека чекаат нови информации од ЕМА.
Сепак, Фајзер и Бајонтек нагласуваат дека хакерскиот напад наводно не влијаел врз нивната работа за развој на вакцината.
Двете компании соопштија дека ЕМА ги известила „дека агенцијата била цел на сајбер напад и дека е снимен нелегален пристап до регулаторни документи“.
Тие додадоа дека ниту еден систем на Фајзер и Бајонтек не бил поврзан со овој инцидент.
Да потсетиме, ЕМА претходно објави дека биле мета на хакерски напад, додека Мајкрософт кон средината на ноември тврдеше дека хакери од Русија и Северна Кореја наводно ги нападнале производителите кои работат на развој на вакцината.
Сепак, „Мајкрософт“ не потврди дека ЕМА била цел на нападот, туку само дека биле нападнати седум водечки фармацевтски компании и истражувачки центри во САД, Канада, Франција, Индија и Јужна Кореја.
Ова не е единствениот хакерски напад насочен кон фармацевтски компании во 2020 година. Од почетокот на пандемијата, забележани се бројни обиди за хакерски напади врз здравствени системи и медицински организации ширум светот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.