Живот
Рецепти
Ви го пишуваме рецептот за еден едноставен здрав и користен напиток кој ги топи килограмите.
Трејси Андерсон е една од најпознатите фитнес инструкторки чии клиенти се Гвинет Палтроу, Џенифер Лопез и Мадона.
Дали некогаш сте помислиле да бидете згодни како светските холивудски звезди.
Сигурно,да меѓутоа не сте можеле да го најдете правиот напиток што му одговара на вашето тело да биде здраво и витално. Трејси, го сподели рецептот за здрав напиток кој е хранлив и помага во процесот на слабеење.

Вели дека здравата исхрана и фитнесот се рутина и клуч за добриот изглед.
Таа работи со Мадона, Ким Кардашијан и други познати дами во светот на шоу бизнисот.
Секако, не заборавајте на физичката активност која Трејси задолжително ја препорачува со оваа здрава ужина.
Состојки:
120 грама млад спанаќ
3 излупени портокали
1 исушена урма
Цимет
120 мл кокосово млеко
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и измиксајте го.
“Си пакувам и си носам здрави оброци со себе, па така никогаш не сум јадела некое ѓубре пред мене дури и да сум гладна”, вели таа.
Кога ќе ја припреми својата ќерка наутро, таа медитира, а својот ден го започнува со кафе и млеко. За доручек јади сендвич со јајце, кој го прави со сирење и англиски мафини.
“Не сум фан на овошјето и никогаш нема да јадам суши – паразитите ме излудуваат”, вели 43-годишната Трејси.
Меѓутоа, мексиканска храна јаде секој ден.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Рецепти
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.