Македонија со голот во последна минута на Кире Лазаров успеа да ја победи селекцијата на Украина, но по поразот од Чешка во Виена македонските ракометари денес ги очекува нов предивик.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 јануари, 2020 9:20

НАПРЕД НАШИ: Македонија денеска се соочува со домаќинот Австрија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во 18:15 часот македонските ракометари ќе се соочат со селекцијата на домаќинот на европското првенство 2020 година. Нашите ракометари ќе дадат се од себе за да изнудат победа над Австрија.

Македонија со голот во последна минута на Кире Лазаров успеа да ја победи селекцијата на Украина, но по поразот од Чешка во Виена македонските ракометари денес ги очекува нов предивик.

Македонската ракометна репрезентација ја совлада Украина на првиот меч, со голот на Кире Лазаров постигнат во последна минута. Вториот натпревар против Чешка нашата селекција го загуби но денеска има можност за победа против Австрија.

Данило Брестовац, селекторот на машката ракометна репрезентација, вчера објави дека е оптимист и не се откажува. Брестовац верува во победа на последниот меч против Австрија.

Брестовац вели дека повеќе му „шкрипи“ во нападот и дека имаме помала креативност на самите играчи.

-Подготовката е иста, одиме на победа, поразот со Чешка веќе е архивиран, и сите сме насочени што подобро да се подготвиме за следниот натпревар. Имаме време, имаме можности, имаме квалитетни одбранбени играчи, кои, иако стравуваме на почетокот на првенството дека одбраната ќе ни биде проблем, но и јас сум тој што повеќе посветува внимание на одбраната и повеќе состаноци имаме со нив, можам да кажам дека повеќе ми „шкрипи“ во нападот, отколку во одбраната. Повеќе ни шкрипи во таа одбрана 6 на 5, имаме помала креативност на самите играчи, имаме слаба реализација, имаме слаба поставеност, изјави Брестовац.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Ракометниот храм или како што изминатите години го нарекувавме ВУЛКАНОТ СЦ „Јане Сандански“ бесплатно ќе го даде на користење на европскиот првак, кој од први јуни и официјално ќе биде во рацете на старо-новиот газда, Михајло Михајловски, човекот кој никогаш не криеше дека Вардар е негова слабост.

Сергеј Самсоненко не го изневери Вардар- уште еднаш ја покажа љубовта кон црвено-црните!

Сергеј Самсоненко креаторот и причината за незаборавните ракометни денови во Македонија...

Вардар, освен со овие тројца ракометари, претходно го продолжи договорот со искусниот Иван Чупиќ, а во екипата пристигна и Томислав Јагуриновски, додека иднината на Глеб Калараш наскоро ќе биде решена.

ШАМПИОНИТЕ ОСТАНАА: Стоилов, Дибиров и Дисингер потпишаа нови договори со Вардар!

Во текот на денешниот ден беше објавено дека Сергеј Горбок го напушта Вардар, но веднаш...