Претседателот на Собранието Талат Џафери не гледа правен основ за реализирање на иницијативата тестирање на пратениците за наркотици.

Објавил: Валерија Петрова | 17 мај, 2019 22:02

НАРКО ТЕСТ нема да има за пратениците – народните избраници куртулија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Цела земја се крена на нозе поради скандалозната снимка од Павле Богоевски, па поради овој случај на мета беа ставени сите пратеници во македонското собрание и имаше предлози сите народни избраници да прават нарко тест.

Претседателот на Собранието Талат Џафери не гледа правен основ за реализирање на иницијативата тестирање на пратениците за наркотици.

,,Во Законот за пратеници, во Деловникот за работа на Собранието и во Уставот на Република Северна Македонија, нема правен основ според кој Претседателот и Собранието на Република Северна Македонија би можеле да ја реализираат Иницијативата на Независната пратеничка група. Условите за кандидирање, за избор и за работа на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија се јасно дефинирани и оттука, Претседателот на Собранието не може и не смее да постапува надвор од своите законски овластувања.

За потсетување, пред неколку дена во јавноста осамна снимка на која се слуша како пратеникот Павле Богоевски нарачува кокаин, од која цела македонска јавност бурно реагираше. Најинтересното од целата оваа приказна е што Павле Богоевски ја потврди автентичноста на снимката, но вистината била дека тој не нарачувал кокаин туку масло од канабис за негова блиска пријателка на која ова масло многу и помогнало.

Министерот Спасовски по повод овој случај изјави дека Павле Богоевски ќе биде третиран исто како и секој граѓанин на оваа држава.

– Тоа што тој е пратеник не е никаква привилегија, но овој случај мора убаво да се испита, изјави Спасовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.

Момчето кое се повреди од струен удар во Трубарево ќе биде испратено на лекување во Софија!

Министерството за здравство информираше дека момчето кое вчера се здоби со изгореници...

Не е напредок на држава да се наоѓаш 105-то место на листата на Транспаренси, туку е навреда на интелигенцијата на граѓаните тоа да го нарекуваш блескање,стои во соопштението на ВМРО.

“Оставката на Богоевски не го покрива фактот дека тој и Заев се најголеми криминалци”

Македонија престана да блеска откако СДСМ дојде на власт.Не е напредок на држава да...

Иако во поголемиот дел од државите во регионот зелениот картон чини околу 10 евра, кај нас чини 60 евра за цела година, а пола од тоа односно 30 евра плаќаат оние кои вадат зелен картон за еден месец, што се сведува на тоа дека македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот. 

Македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот

Летниот одмор не чини цело богатство. Освен што секое семејство плаќа за сместувањето,...