На среден рок се очекува умерено забрзување.

Објавил: admin@magazin | 9 ноември, 2021 14:35

Народна банка: Раст од 3,9 проценти и инфлација од 3,1 процент за годинава, засега не се очекуваат шокови

Фото/Текст извор: ©магазин

Закрепнување на македонската економија со раст од 3,9 проценти за оваа и за следната година предвидува Народната банка во најновите макроекономски проекции.

На среден рок се очекува умерено забрзување.

Инфлацијата е проектирана на 3,1 процент и направена е умерена нагорна корекција во однос на априлската проекција, а следната година се очекува инфлацијата да биде 2,4 проценти.

И покрај енергетската криза и растот на глобалниот раст на цените, засега не се очекуваат шокови, а проекциите на меѓународните финансиски институции се дека наредната година ќе има стабилизирање во енергетскиот сектор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија