Вакви примери се очекува во иднина да има се повеќе и секако дека зголемувањето на трошоците за струја кај компаниите ќе се одрази врз покачувањето на цената на многу производи, што пак од своја страна ќе предизвика зголемување на инфлацијата и дополнително намалување на животниот стандард.

Објавил: Сара Фемина | 16 декември, 2021 20:16

Народот ја плаќа цената од либерализацијата на електричната енергија спроведувана од сите досегашни влади

Фото/Текст извор: ©магазин

Енергетската криза прогласена од Владата на почетокот од минатиот месец, наместо 30 дена, веројатно ќе потрае до крајот на грејната сезона, а државата нема конкретна стратегија за надминување на истата, со што останува веројатноста истата да се повторува секоја наредна грејна сезона.

Ако во 2010 година сите македонски производни капацитети произвеле вкупно 6.744 GWh, во 2020 година тоа производство падна на 5.128 GWh, што е опаѓање од речиси 24% за десет години. Ако во структурата на производството пред 10 години државната компанија ЕСМ учествувала со 96%, а приватните производители со само 4%, денес ЕСМ учествува само со околу 70%.

Или, ако се спореди производството само на државните капацитети, во однос на 2010 година, нивното производство опаднало од тогашните 6,476 GWh на денешните 3.643 GWh, што е пад за цели 43,7%.

Македонија е земја која е зависна од увоз на електрична енергија. Во 2020 година, 69% од потрошувачката на електрична енергија беше обезбедена од домашно производство, додека 31% беа обезбедени од увоз. Во однос на 2019 година, увозот е зголемен за 7%. За оваа година, очекувањата се дека овој процент може и да се зголеми.

Ако на ова се додаде речиси четирикратното зголемување на берзанската цена на електричната енергија, која во јануари се движеше околу 56 евра за гигават час, а сега е над 200 евра, лесно е да се заклучи дека македонското општество во наредниот период ќе се соочи со сериозни предизвици.

Деновове истече и двегодишниот договор со добавувачот, сега наместо по 5 денари за киловат час, струјата ќе треба да ја набавуваме по 26 денари. Правните лица кои досега за електрична енергија плаќале околу 3000 евра месечно, отсега ќе треба да плаќа околу 15 000 евра. Тоа е преголем товар и сериозна закана за нашата рентабилност.

Вакви примери се очекува во иднина да има се повеќе и секако дека зголемувањето на трошоците за струја кај компаниите ќе се одрази врз покачувањето на цената на многу производи, што пак од своја страна ќе предизвика зголемување на инфлацијата и дополнително намалување на животниот стандард.

Недомаќинско стопанисување управувано од најразлични партиско – кадровски комбинаторики доведе до бројни нереализирани стратегии за енергетика, ненавремените ремонти, дефекти, чести застои, ненавремената набавка на јаглен и мазут, лошото тековно одржување на постројките и исцрпеноста на резервите на домашен јаглен, резултираа со електроенергетска криза.

Последиците од оваа криза ги плаќа народот!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
16 Декември, 2021

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

По вчерашниот ден во кој ние пратениците бевме заклучени во пленарната сала по наредба на Талат Џафери веќе е кристално јасно дека Собранието не е е повеќе демократска институција туку институција заробена од еден автократ кој што си дозволува да се однесува како Собранието да е приватна своина, непочитувајќи никаков Деловник и пред се крши основни човекови права“, изјави Мицевски!

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе поднесат интерпелација за Џафери

Интерпелација на претседателот на Собранието Талат Џафери ќе поднесат Пратеничката...

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите

Ковачевски: Автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски, упати честитка по повод автокефалноста на Македонската...

Претходно шефот на државата упати честитка за ваквата одлука и порача дека ова е радосна вест за сите граѓани на земјава од православна вероисповед.

Пендаровски и Вучиќ со заедничка фотографија од Давос ја поздравија одлуката на СПЦ

Со заедничка фотографија во Давос македонскиот и српскиот Претседател Стево Пендаровски...

Од денеска шатори и вреќи за спиење пред владата, Независниот синдикат на професионални војници излезе на штрајк.

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА! Од...