
Македонија
Вести
Во интервју за Слободна ТВ, кандидатот за премиер промовиран од ДУИ, Насер Зибери посочи дека нам ни треба Албанец премиер, но не таков кој ќе ги штити Албанците туку кој ќе се грижи пред се за државата.

По повлекувањето од политичката сцена, Зибери работи како нотар.
-Јас сум сведок дека многу од прашањата кои ние тогаш ги покренувавме сега веќе се апсорбирани. И оттука предрасудата дека Албанец може како приоритет во примената на политиката да ги има правата на Албанците е дезавуирана теза, бидејќи многу, да не речам 99 % од тие прашања се апсорбирани. На нас ни треба, да, Албанец, но не Албанец кој ќе се грижи само за Албанците, туку пред сè за земјата пред сè за државата зошто ако тезата е обратна, со право македонскиот граѓанин, значи од македонскиот народ, од македонскиот етникум може да има не само резерва, туку и одбојност кон таквата идеја, вели Зибери во интервјуто за Слободна ТВ.
Зибери во интервјуто истакна дека идејата за прв премиер Албанец е сосема спротивна, односно дека нам ни треба да докажеме пред светот и внатре, дека сме способни без оглед на припадноста, успешно без конфликти да ја водиме земјата, да ги надминеме овие поларизации и да се сплотиме во едно.
Не да го губиме идентитетот како политички субјекти, па ако сакате и како етникуми, туку да се сплотиме во државниот интерес кој треба да биде над сите останати што ги спомнуваме до сега. Ако ова ни е водилката во градењето на политиката, мислам дека е правата насока. Мислам дека и Албанците треба да го прифатат, како што треба да го прифати и секој граѓанин и секој Македонец и секој Србин, Турчин, Влав, Ром, Бошњак итн.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.