
Македонија
Вести
Насер Зибери и официјално е избран за нов Народен правобранител.
Со 61 глас за без ниту еден против и воздржан парламентарното мнозинство во законодвниот дом му ја даде поддршката по целодневната собраниска расправа, но и седницата која неколку пати беше одложена.
Расправата се одвиваше во насока власт опозиција околу тоа колку е етички што поранешниот кандидат за премиер на ДУИ по 6 месеци од изборите сега веќе станува омбудсман .
Интегративците пак го поддржаа иако во текот на денот Изет меџити сите прашања поврзани со зибери ги препрати на адреса на Артан Груби!
Функцијата народен правобранител е испразнета подолго од еден месец. Иџет Мемети, кој 16 години ја извршуваше оваа функција, неколку дена пред истекот на неговиот втор мандат беше „прекомандуван“ во член на Советот на јавни обвинители.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.