На некоја од наредните владини седници ќе се изгласа новиот состав на Комисијата која што преговара за историските прашања со Бугарија, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Деновиве очекувам да се видам со министерот за надворешни работи и надворешна трговија. Тој е сега надвор од државата, мислам дека вчера беше во Блед, денеска во Белград, а потоа оди на друго место. Кога ќе се видам, ќе ги прецизираме. Има некои идеи, мислам дека на следната или по таа владина седница ќе помине новиот состав на комисијата која што преговара за историските прашања со нашиот источен сосед, па и со нашиот јужен – изјави Мицкоски по почетокот на изградба на фабрика за литиумски батерии во ТИРЗ Скопје.
Мицкоски во изјава дадена на 26 август најави кадровски промени во Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. Според премиерот, актуелниот состав на Комисијата од македонска страна не ги оправдала очекувањата и не ги штитела националните интереси.
Драги Георгиев, претседател на Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања со Бугарија вчера во интервју на Сител телевизија изјави дека никогаш од ниту една страна немало притисок да се носи некаква одлука за сензитивни прашања.
Во ниту еден случај освен притисокот од јавноста што беше константен и негативен за работата на Комисијата – изјави Георгиев.
Ѓоргиев: Кадровските промени во комисијата ќе го продлабочат јазот со Бугарија
Според него, без промена на методологијата за работа на Комисијата, ќе нема резултати.
о ова искуство што го имаме сега од шест години не би се нафатил да работам во таква комисија со таква методологија. Мора да размислат и македонската и бугарската страна доколку продолжи работата да се смени самата методологија бидејќи ваквиот начин на работа нема да даде резултати – рече тој.
Објаснувајќи ја неговата реакција на оценките што ги изнесе за работата на Комисијата премиерот Христијан Мицкоски, рече дека „премиерот ги навредил членовите на Комисијата, кои работеле шест-седум години и кои се академски граѓани кои успеале да изградат свој интегритет во македонското општество без разлика на сите неаргументирани шпекулации за нивната работа“.
И кога ќе дојде изјава дека не сме ги бранеле националните интереси, а притоа многу малку се познава работата на комисијата, крајно е некоректно и неправдено кон членовите на таа комисија. Тие одржаа 31 средба со бугарските колеги, постојат записници. И кога некој кој не ја познава работата на Комисијата ќе даде таква паушална изјава дека не сме ги бранеле интересите, тогаш тоа е навреда за тие членови на Комисијата и е во крана линија продолжување на хајката што се води против членовите на Комисијата дека тие ги издале интересите на македонскиот народ – рече Георгиев.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.