
Забава
Интересно
Претседателот на Косово, Хашим Тачи има 19 -годишен син кој ужива во својата младост и во парите на својот татко. На социјалната мрежа Инстаграм постојано објавува фотографии на кои може да се види колку тој живее раскошно.
19-годишниот Ендрит Тачи патува по светот, а ова понекогаш создава бес кај граѓаните на Приштина кои имаат низок стандард. Објавува фотографии од познати туристички центри во Европа.
Некои дури го сметаат за можен наследник на татко му во политиката.
За потсетување, Хашим Тачи е роден на 24 април 1968 во Србица, денешно Косово. Србица се наоѓа близу Дреница, место каде била основана Ослободителна војска на Косово (ОВК) во раните 1990-ти. Тачи студирал историја и филозофија на универзитетот во Приштина, а во 1993 живеел во Швајцарија каде се приклучил на политичките групи на албанската емиграција. Запишал постдипломски студии на универзитетот во Цирих, но не ги завршил.
Истата година се приклучил во ОВК, каде имал улога да обезбеди оружје и парични средства, како и да обучи и префрли нови регрути од Албанија на Косово. На 17 јули 1997 во Приштина на Тачи во отсуство му се судело за тероризам поради активностите во ОВК, и бил осуден на затворска казна од 10 години. Во март 1999 Тачи бил на мировни преговори во Рамбује како водач на косовските Албанци. За него било прифатливо Косово да има автономија во рамките на Србија, додека неговите соборци не сакале да прифатат ништо освен независност на Косово. Потоа Тачи како водач на најсилната политичка фракција на ОВК формирал влада на Косово, чиј премиер бил токму тој (1999–2000). Според одредени извори, Тачи наредил убиство на водачите на помалите ривалски фракции од ОВК.
Тачи бил обвинет за врски со криминалното подземје. Се сметало тој обезбедувал финансии за ОВК преку шверц на хероин и кокаин во западна Европа. Според други обвинувања, Тачи учествувал во нелегална трговија со човечки органи за време на војната во Југославија, за што требало да биде обвинет од Хашкиот трибунал.
Тачи победил на парламентарните избори во ноември 2007, а во јануари 2008 бил изгласан за премиер во косовското Собрание. За време на неговата инаугурација изразил намера да прогласи независност на Косово во првата половина на 2008. На 17 февруари била прогласена независност на Косово од Србија. Тачи на премиерската позиција останал до 2014, а во февруари 2016 пратениците од косовското Собрание го избрале за претседател на Косово во времетраење од пет години.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.