Како што можеше да се види на Инстаграм, Уна роденденот го прослави со многу балони и цвеќиња, додека пријателите по пат на социјалните мрежи и испраќаа честитки и закачуваа нејзини фотографии.

Објавил: Весна Петровска | 1 октомври, 2019 21:53

НАСЛЕДНИЧКАТА НА ЧОЛА НАПОЛНИ 18 ГОДИНИ:Ова е ретка прилика да ѕирнеме во приватноста на пејачот

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Ќерката на Здравко Чолиќ наполни 18 години и го прослави својот роденден во друштво на пријателите и семејството.

Како што можеше да се види на Инстаграм, Уна роденденот го прослави со многу балони и цвеќиња, додека пријателите по пат на социјалните мрежи и испраќаа честитки и закачуваа нејзини фотографии.

Ова е ретко домашната јавност да има прилика да ѕирне во приватните случувања на познатат балканска ѕвезда, бидејќи Здравко Чолиќ покрај својата музика е познат и по тоа што приватниот живот го држи далеку од очите на јавноста.

За потсетување, Здравко Чолиќ е во брак со Александра од 2001 година, а веќе 19 години тие успеваат да ја сочуваат својата љубов од јавноста. Покрај, Уна Чола ја има и помалата ќерка Лара.

Ова е поголемата ќерка на балканската ѕвезда Здравко Чолиќ

Здравко Чолиќ важи за една од најголемите, а можеби и најголемата музичка легенда од времето на СФРЈ. Со неговите хитови „Пусти, пусти моду“ , „Писаќу јој писма дуга“ , „Мало појачај радио“ и други, ги натера неговите обожаватели да се внесат во тој свет на музиката на Чолиќ.

Со неговите концерти низ цела Југославија создаде вртоглавица кај неговите обожавателки. Денес Здравко Чолиќ, по паузата за време на војните во регионов, повторно ја потсетува неговата публика на старите хитови, а создава и нови. Настапува по цела година и насекаде: Србија, БиХ, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора, Австрија, Швајцарија, САД, Канада… Еден од неговите најголеми концерти беше во 2007 на стадионот Маракана во Белград каде собра неколку десетици илјади публика, а концертот го заврши со песната „Пјесмо моја“ и спектакуларен огномет над Белград.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Венко Филипче вели дека овој период не променил многу кај него, освен тоа што постојано беше на работното место, и еден период помина во самоизолација, по контакт со градоначалникот на Куманово, за кој подоцна се испостави дека е позитивен на коронавирус.

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ КОНЕЧНО ОДГОВОРИ: Би бил ли министер доколку знаеше дека ќе се случи оваа панемија?

Во гостувањето во емисијата Еден на Еден, која беше посветена на сите оние кои беа во...

Според она што беше објавено во „Глоуб“, наводно извор близок на семејството неколку месеци пред да се породи Меган, изјавил дека всушност Хари и не е татко на бебето.

НОВ СКАНДАЛ ВО КРАЛСКАТА ПАЛАТА: Хари не е татко на малиот Арчи!?

Познатата глумица Меган Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари дефинитивно не можат...

Круната има 1333 дијаманти, а во времето кога е направена, чинеше околу 10 000 долари. Денешната вредност се проценува во милиони.

ВРЕДИ 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Овој предмет во кралството се наследува од колено на колено и има ОГРОМНА ВРЕДНОСТ!

Круните и накитот во сопственост на британското кралско семејство со децении ги украсуваат...

Имено, станува збор за песната „Зора је“, изведена од Неда Украден, а за која Марина напиша само еден стих - „suza je iz oka kanula “.

ОВАА ПЕСНА ЈА ПЕЕШЕ ЦЕЛА ЈУГОСЛАВИЈА: Марина Туцаковиќ напиша еден стих а заработи 100.000 евра!

Марина Туцаковиќ е автор на бројни хитови од српската поп сцена. Напиша само еден стих...