НАТО како воен сојуз се обединува при заштита на членка при напад од трета воена сила, што гледајќи ги соседите за Македонија тоа е воено неутралната Србија и непризнаено Косово

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 декември, 2018 11:26

НАТО ќе не штити само од напади од Србија?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Македонија доби пофалби за напредокот во спроведувањето на договорот за името на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел.

Министрите за надворешни работи од Алијансата и земјите од регионов и генералниот секретар Јенс Столтенберг оцени дека стабилноста и сигурноста на Западен Балкан е од големо значење за НАТО.

Безбедноста и стабилноста на Западен Балкан е од голема важност за НАТО и имаме силна врска со сите земји од регионот. Го поздравувам тековниот напредок во Скопје за спроведување на Договорот за името и ја очекувам можноста да им посакам добредојде како 30-та членка на НАТО штом ќе завршат домашните процедури. – изјави Столтенберг.

Министерот за надворешни Никола Димитров по средбите во НАТО порача дека се очекува Македонија да стане полноправна членка на пролет 2020 и дека членството ќе значи гаранција за нејзините сегашни граници.

Од 1993 година кажавме дека сакаме да бидеме дел од НАТО, со првата декларација од Собранието на РМ, требаше да влеземе во 2008. Поминаа 10 години. Конечно го отстранивме проблемот и ја надминуваме разликата со Грција околу името, и тоа е важно за Македонија, за Алијансата и за регионот. – изјави Димитров.

За нас членството во НАТО значи дека Македонсја е тука да остане, во овие граници, додаде министерот.

Македонија, според дипломатите во НАТО, е „успешната приказна“ во регионот, и доколку процесот околу Преспанскиот договор се одвива непречено, се очекува земјата да стане триесетта членка на Алијансата во 2020.

Трагично е што земјите членки на НАТО се сврзани во воен сојуз кој ги обединува при евентуален напад од трета воена сила која не е поврзана со НАТО но не ги регулира меѓусебните односи, така да Македонија е опкружена со три држави членки на НАТО, Албанија, Грција и Бугарија, со што останува само да се браниме од соседна воено неутрална Србија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Со тоа Орбан стана првиот премиер на модерна Европа кој се осуди јавно да ја покаже светската елита која управува со нашата реалност. Орбан кажа едно интересно предупредување:ја повика јавноста на будење, за да не се случи некои избрани поединци да владеат со светот. Со тоа недвосмислено признал дека постојат врвни поединци кои не би го бирал човештвото, а имаат тенденција да владеат со планетата.

Пеколниот план на Сорос: Европа ќе ја покори со мигрантите – овој план е подготвен уште во време на Втората Светска војна

Пред неколку дена унгарскиот премиер Виктор Орбан го шокираше светот изјави како мултиглобалистот,...

Гласајте за бројот 5, СНС - Словенска национална странка Велат не нема- ама еве сме! Со почит, Андреј Дочински

Велат не нема ама еве сме, Андреј Дочински, Словенец со македонско потекло во ЕУ парламент

Јас Андреј Дочински, сум Словенец со македонско потекло. Роден сум во Љубљана- Словенија...

Москва и Пекинг често формираат единствен фронт против американските предлози во Советот за безбедност на ОН (Обединетите нации), бидејќи двете земји "делат мултиполарен светски поредок".

Автоголот на Вашингтон му помогна на Путин: Со еден потег ги зближи Русија и Кина

Руската економија ужива во зголемување на кинеските инвестиции, бидејќи санкциите...

Учесниците веќе се пристигнати   за натпреварот, кој ќе се одржи од 14 до 18 мај. Се очекува манифестацијата да привлече илјадници туристи во Израел.

Светот во паника: Џихадистите се заканија со терористички напад врз Израел за време на Евровизија

Светот во паника откако палестинското движење Исламски џихад од Појасот Газа неодамна...