
Македонија
Време
Македонија и денес (недела 9 март) ќе продолжи да биде под влијание на топла воздушна маса која продира од југ, и истата го опфаќа целиот регион.
Времето и денес (недела 9 март) ќе биде претежно сончево и натпросечно топло време за овој период од годината, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Во Скопје и околината, исто така ќе имаме претежно сончево и натпросечно топло време за овој период од годината, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени, во Скопје и околината максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до близу или околу 25 степени.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.