Култура
Манифестации
Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, вчера на /16.09.2020 година/, се обрати на отворањето на конференцијата „Културниот туризам во афирмација на македонското културно наследство во Скопје и Скопско“, која се одржа пред црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, во Скопје.
Целта на конференцијата е да ја поттикне актуелноста на современата улога и значење на културниот туризам како една од функционалните мобилни форми за афирмација, заштита и промоција на културното наследство во Скопје и Скопско.
– Поаѓајќи од тоа дека проследувањето на релацијата помеѓу културното наследство и културниот туризам е еден вид на приказна, која треба да се протолкува, афирмира и актуелизира, својот придонес на конференцијава ќе го дадам преку едно кусо раскажување на нашата градска институционална развојна приказна што треба да се слушне, а се однесува на активностите/делотворните акции што Град Скопје ги презема за афирмирањето на културното наследство и за развојот и зајакнувањето на културниот туризам.- нагласи Љубица Јанчева.

Таа додаде дека културното наследство и културниот туризам се во еден провокативен дослух, кој мора да биде следен и од будното око на Град Скопје, каде што струи и егзистира еден извондредно силен и моќно креативен дух, исполнет со една (работна) енергија – сконцентриран во Секторот за локален економски развој – Одделението за туризам, кој своите активности/делотворни акции ги насочува кон поттикнувањето на развојот, зајакнувањето и значењето на културниот туризам како една од функционалните форми за афирмација, заштита и промоција на културното наследство во Скопје и Скопско.
Градот Скопје е богат со значајно културно наследство (споменици, комплекси и места), коешто може да го понуди и на домашниот и на меѓународниот туристички пазар, а Град Скопје грижливо води сметка за валоризацијата на културното наследство во правец на развивањето на културниот туризам. Од овие причини, Град Скопје и понатаму ќе поддржува вакви конференции, кои се од суштествено значење затоа што даваат и ќе даваат свој придонес и за афирмирањето на културното наследство, за развојот и за зајакнувањето на културниот туризам, како и за одржливиот развој на креативниот град – градот Скопје – резимираше Јанчева.
Конференцијата е во организација на Институтот за македонска литература и е поддржана од Град Скопје и од Министерството за култура.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Манифестации
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.