Најпрво се појавиле розови дамки кои што за некое време преминале во пурпурни, а потоа во улцеронекротични промени на кожата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 септември, 2020 10:41

НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИВААТ: Еве како да препознаете заразен човек со Ковид-19 кој нема симптоми!

Фото/Текст извор: © Espreso.rs

Последното американско истражување објавило нови симптоми на Ковид 19. Имено кај тројца млади пациенти кои биле заболени од Ковид 19, биле забележани и неколку нови симптоми па така пациентите ги немале вообичаените симптоми – температура, кашлање, грозница, губење на сетилото за вкус и мирис, туку кај нив се појавила промена на кожата, осип, кој ги зафатил екстремитетите, особено стапалата.

Најпрво се појавиле розови дамки кои што за некое време преминале во пурпурни, а потоа во улцеронекротични промени на кожата.

Многупати во јавноста уште од самиот почеток на пандемијата се тврдеше дека младите го пренесуваат вирусот, и имаше ограничено движење за лицата до 18 години, па сега американските истражувања советуваат дека кај младите луѓе кои што немаат типични симптоми на заразата коронавирус, може да се појават некои промени на кои што треба да внимавате бидејќи овие инфицирани луѓе речиси немаат никакви знаци на болеста.

Познато е дека асимптоматски случаи најчесто се децата и адолесцентите и тие немаат никакви симптоми на болеста Ковид 19, а токму и тие се најопасни бидејќи го шират вирусот.

Според американската студија како можни нови симптоми по кои може да се познаат асимптоматските случаи се промените на кожата, како што се еритематозен осип, уртикарија и акни кои што личат на сипаници.

Вакви промени се појавиле кај 18 од 88 пациенти заразени од Ковид-19, во претходна студија.

Како што стои во студијата, ваквите симптоми се појавуваат на почеток на инфекцијата или пак во текот на престојувањето во болница. Освен овие, пациентите немале ниту еден друг симптом на Ковид 19.

Сепак американските научници влат дека ова не е докажано и треба да се испита подетално.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За граѓаните коишто аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите во тек е процесот на предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување.

ПОДНЕСЕНИ 5000 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ – ЗАВРШУВА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ

Градот Скопје ги информира граѓаните дека завршува јавниот повик за доделување субвенции...

Оваа недела Шведска објави построги локални препораки за Упсала, универзитетски град на 70 километри северно од Стокхолм. Градот стана жариште на коронавирус откако студентите се вратија.

Швеѓаните ни мува не ги лази од КОРОНА- Филипче во паника, македонскиот здравствен систем пред колабс!

Иако бројот на лица заразени со коронавирус расте во земјата, Шведска останува на својот...

Во јули пак, на социјалните мрежи се прошири вест дека починал. За ,,Фокус”, во телефонски разговор тогаш порача дека не може да се изначуди каков свет има.

АМДИ БАЈРАМ: Заврши мојата ера, ама сите ќе ме памтат- ТИВКО ЗАМИНА И КРАЛОТ НА РОМИТЕ

Негов многу близок пријател и соработник, во телефонски разговор за ,,Фокус” ја потврди...