Можеби тука лежи одговорот од каде ни е оној фетиш кон масовно купување тоалетна хартија во услови на корона.

Објавил: Македонка Димкин | 8 април, 2020 22:15

Нашите генерации дозволија со децении да бидат крадени, лажени, бркани од работа, и од родната земја

Фото/Текст извор: ©printscrin

Да бидеме искрени, нашата генерација и таа пред нас, главно се состои од конформисти и медиокритети кои дозволија со децении да бидат крадени, лажени, бркани од работа, бркани од родната земја, омаловажувани, тепани, потхранувани, унифицирани и систематски идиотизирани.

Бесмислено е ова да се повторува бидејќи на сите ни е кристално јасно дека е така, но толку отапевме што речиси без бунт изедовме се што ни ставија на чинијата со гнасотии.

Најмизерен е фактот дека розевото желе со кое се полеани гнасотиите одозгора, воопшто не го густираме и целосно свесни директно ја туркаме лажицата во срцето на мизеријата, јадејќи ја како да ни е последно. Можеби тука лежи одговорот од каде ни е оној фетиш кон масовно купување тоалетна хартија во услови на корона.

Ова тапо прифаќање на потчинетоста, со ретки исклучоци на индивидуален отпор ( за идеале гину бадале, нели хе хе), не само што ни ја скрши волјата нам, туку веројатно ќе ги уништи и нашите потомци. Сепак, за нив се уште има надеж и ако од некаде набават грам повеќе храброст и лудост од нас, тогаш нека се обидат барем тие да сторат нешто организирано и масовно. Инаку ќе одат со наведнати глави, а дали поради инерција или срам, на кого му е гајле.

Ако и тие го толерираат срамот, без дилеми, нивните деца ќе бидат следни.

And if you tolerate this then your children will be next
Will be next, will be next, will be next!

Драган Милосавлевиќ : Авторот е новинар во Алфа Телевизија

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

На првиот ден од јавната седница за жалбите не се слушнаа жалби, па засега не се знае по кој основ одбраната ќе бара укинување или намалување на драконските пресуди.

„27 април“ стигна пред Апелација: Одбраната вели тројца од судиите не смеат да одлучуваат по жалбите!

Тројца од апелационите судии кои се дел од судечкиот совет не смеат да одлучуваат по...

Но, тие написи не го објаснија мотивот на директорот на ФЗОМ Ден Дончев во 2018 година да врши жестоки притисоци врз угледната шведска компанија „Диаверум“ да се откаже од намерата да ја купи македонската компанија „Диамед“ и да стане вториот македонски оператор на услуги за дијализно болни лица. Тие притисоци на 1 ноември 2018 година кулминирале со формално писмо на Министерството за здравство до шведската компанија, кое содржи суптилни, но јасни закани до странскиот инвеститор. Тоа писмо веќе го објавив, како и одговорот на шведската компанија.

ГЕРОСКИ: Дали Ден Дончев, со Зоран Милевски Кичеец како посредник, изрекетирал 824.000 евра од сопственичката на „Диамед“?

Лице блиско до поранешната сопственичка на „Диамед“, во проширена кривична пријава...

Захариева во врска со суловите под кпои Бугарија би ја поддржала Македонија вели дека бугарската страна е со интерес Скопје да ја признае историјата.

ЗАХАРИЕВА: Македонскиот јазик е на основа на западнобугарски дијалект со србизми!

Македонија да ја признае историјата, а ние да ја признаеме нивната реалност, вели шефицата...