
Македонија
Вести
Ова беше реакцијата на Боки 13 откако ја слушна пресудата за 9 години затворска казна за предметот Меѓународен сојуз, во кој беше обвинет за измама и перење пари.
Неговиот адвокат, Сашо Дуковски смета дека казната не се базира на докази.
За разлика од Боки 13, екс пратеничката и екс потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски е ослободена од обвиненијата. Судот рече дека за Ременски, обвинителството не успеало да докаже вина.
Ременски е задоволна од одлуката, но обвинителката Ивана Трајчева вели дека ќе ја обжали одлуката.
Таткото на Боки 13, Миле Јовановски е осуден на 2 години условна затворска казна, но според него, со денешните одлуки на судот, правдата во нашата држава е мртва.
Соработничката на Боки 13 и претседателка на Меѓународен сојуз, Јасна Мандиќ е осудена на 4 години затвор. Со 1 милион денари е казнето и правното лице Меѓународен сојуз. Бојан Јовановски е осуден на 9 години затворска казна и во случајот Рекет.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.