Најголема заплена на дрога во Костарика.

Објавил: Стојче Бушин | 17 февруари, 2020 9:57

Најголема заплена на дрога во историјата на Костарика: Запленети повеќе од 5 тони кокаин(видео)

Фото/Текст извор: ©Магазин

Претставници на Костарика соопштија дека заплениле повеќе од пет тони кокаин, најголема ваква заплена во централноамериканската земја.

Министерството за јавна безбедност на Костарика соопшти дека 5.048 килограми кокаин биле пронајдени синоќа во дампер во карипското пристаниште Моин.

Контејнерот, кој наводно содржи украсни растенија, требало да се однесе со брод до холандскиот град Ротердам.

Едно лице е уапсено, 46-годишен Костарикан кој

донел контејнер во пристаништето.

Костарика е претседателска, репрезентативна демократска република со повеќепартиски систем на управување. Извршната власт во државата е управувана од претеседателот на државата и неговиот/нејзиниот кабинет. Претседателот е шеф на државата и шеф на владата. Законодавната власт во Костарика е во рацете на Законодавното собрание на Костарика. Претседателот и 57 пратеници се избираат преку парламентарни избори за мандат од 4 години. Законодавната власт е независна и има извршна улога

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Есен / Зима

Sorry, no posts matched your criteria.