Повеќе од 1.000 полицајци во шест различни земји, потпомогнати од силите на Европол, уапсија 45 лица денес во најголемата операција досега против трговија со дрога од Бразил кон Европа.
Рано изутрината во петокот, полициски службеници упаднаа во 180 куќи, а уапсени беа 45 лица, кои го запреа ланецот шверц со кој мафијашката група оствари профит од 100 милиони евра во првите шест месеци со увоз на 45 тони кокаин, објави Европол.
Акцијата ја водеше полицијата на Португалија, Белгија и Бразил, а ја помагаа полициски сили од Шпанија, Холандија, Романија и Обединетите Арапски Емирати.
Уапсени се 38 лица во Бразил, четири во Белгија, едно во Шпанија и две во Дубаи, додаде Европол. Запленети се 12 милиони евра во Португалија, 300 000 евра во Белгија, додека еден милион бразилски реали (157 000 евра) се конфискувани во Белгија, како и 169 000 долари.
Исто така, запленети се 70 луксузни возила во Бразил, Белгија и Шпанија, како и 37 приватни авиони, 163 куќи во Бразил, две куќи во Шпанија во вредност од четири милиони евра и два стана во Португалија во вредност од 2,5 милиони евра.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.