Неколку лица загинаа, а има и повредени во терористичкиот напад во центарот на Виена кој сѐ уште е во тек. Според австијските медиуми, во нападот има најмалку 7 мртви, а неколку лица се држат како заложници во еден од рестораните!
Како што објави австриското МВР, околу 20 часот започнал терористичкиот напад во Виена со пукотници на шест места истовремено.
Во судирот со полицијата еден напаѓач бил убиен, а еден полицаец повреден. Во нападот учествувале до 10 напаѓачи од кои повеќето се во бегство.
Во тек е голема полициска акција. Според Кроне, еден напаѓач се разнел затоа што имал експлозивен елек. Наводно, испукани се најмалку 50 куршуми.
На теренот има голем број полициски возила.
Очевидци за ОРФ изјавија дека напаѓачите имале автоматски пушки.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.