Пожарите беснеат веќе неколку денови

Објавил: Калина Мартинска | 13 јануари, 2025 8:37

Најмалку 24 мртви во пожарите во Лос Анџелес, се најавува засилување на ветровите

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Американските метеоролози предвидуваат повторно засилување на ветровите кои минатата недела им даваа сила на пожарите околу Лос Анџелес, додека пожарникарите продолжуваат да се борат против три шумски пожари.

По релативно благите ветрови викендов, официјални лица велат дека сувите ветрови Санта Ана повторно ќе бидат силни до среда, достигнувајќи брзина од стотина километри на час.

Во меѓувреме, пожарникарите успеале да постигнат напредок во запирањето на ширењето на смртоносните пожари Палисејдс и Итон, кои горат на спротивните страни на градот Лос Анџелес. На локалните пожарникари им помагаат колеги од уште осум сојузни држави, како и од Канада и Мексико. Моментално на терен се 14.000 пожарникари, на кои им помагаат 84 противпожарни летала.

 

 

Локалните власти кажаа дека бројот на загинати пораснал на 24, а уште најмалку 16 луѓе се водат како исчезнати. Три активни пожари и натаму горат околу Лос Анџелес, од кои најголемиот е Палисејдс, чија скротеност изнесува само 13%.

Се проценува дека пожарите досега предизвикале штета од 250-275 милијарди долари.

„Претстојните ветрови би можеле да создадат опасни услови. Во целиот округ Лос Анџелес ќе има ризик од пожари. За жал, го враќаме предупредувањето од највисок степен. Очекуваме ветровите да бидат најсилни во вторник“, изјави шефот на пожарникарите во Пасадена, Чад Огустин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...