Повеќе од 800 лица се повредени, а се стравува дека многумина останале под урнатините.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 октомври, 2020 9:30

Најмалку 26 загинати во земјотресот во Турција,трае потрагата по преживеани(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©kanal 5

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала вчера ги погоди Турција и Грција.

Според Си-Ен-Ен, најмалку 26 лица загинале, вклучувајќи и двајца тинејџери на грчкиот остров Самос. На нив се срушил ѕид додека се враќале од училиште.

Повеќе од 800 лица се повредени, а се стравува дека многумина останале под урнатините.

Земјотресот го потресе Егејското Море јужно од градот Измир на западниот брег на Турција во 11 часот и 50 минути по локално време. Турскиот Си-Ен-Ен објави дека земјотресот се чувствувал сè до Истанбул. Подоцна, имало повеќе од 80 послаби земјотреси, од кои повеќе од десет со јачина од над 4 степени.

На социјалните мрежи се објавени низа видеа кои покажуваат тешки поплави предизвикани од покачување на нивото на морето.

Погледнете како изгледа крајбрежниот град Сеферихисар близу Измир.

Турција се наоѓа во една од тектонски најактивните области во светот. Повеќе од 17 000 луѓе загинаа во август 1999 година кога земјотрес со јачина од 7,6 степени го погоди Измит, град југоисточно од Истанбул.

Во земјотресот што го погоди источниот град Ван во 2011 година загинаа повеќе од 500 луѓе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Како што беше најавено, две запалени возила со човечки остатоци беа пронајдени на споредниот пат недалеку од градот Кармага!

ХОРОР ВО МЕКСИКО: 19 изгорени тела пронајдени во близина на границата со САД

Најдени се најмалку 19 јагленисани тела во Мексико, недалеку од границата со Соединетите...

Според прелиминарните информации, трагедијата се случила кога воената колона запрела поради откажување на првиот автобус.

ГОЛЕМА НЕСРЕЌА ВО РУСИЈА: Се судрија камион и четири воени автобуси, има МРТВИ(видео)

Камион и четири воени автобуси се судрија на автопат во предградие на Москва. Според...

Видеото објавено на Твитер покажува како изгледало драматично губење на висината на авионот на популарната страница FightRadar.

ДРАМАТИЧЕН МОМЕНТ КОГА АВИОНОТ ПОЧНА ДА ПАЃА: За 60 секунди се спушти повеќе од 3.000 метри- започна потрагата

Денеска се сруши авион Боинг 737-500 кој полета од Џакарта, Индонезија. Видеото објавено...