Македонија
Правник
Казна затвор од најмалку три години пропишува кривичниот закон за делото за кое е обвинета поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во случајот „Рекет“, објави Курир.мк.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес соопшти дека е поднесено обвинение за три слица во овој случај.
Јанева, како второобвинетото лице се терети дека сторило кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ – казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Во Членот 353 став 3 е наведено „Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години“.
Обвинителството во соопштението наведе дека со преземените службени дејствија второобвинетата ја искористила и ја пречекорила својата службена положба и овластување и за себе прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040,00 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра.
Инаку попладнево екс специјална јавна обвинителка Катица Јанева денеска е задржана во клиниката „Жан Митрев“ на понатамошно следење, како пациент во сомнителна прединфарктна состојба, изјави за МИА нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска.
Здравствената состојба на Јанева, според Фрчкоска, е лоша и таа се жали на висок притисок и општа анксиозност.
Јанева претходно ја примаше соодветната терапија во затворската амбуланта, а ова е прв нејзин преглед надвор од затворот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Правник
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.