Најмладата членка во историјата на американскиот конгрес Александрија Окасио-Кортез се соочи со тужба поради блокирање луѓе на Твитер.

Објавил: Узунов Бобан | 12 јули, 2019 7:08

Најмладата американска конгресменка тужена за блокирање корисници на твитер

Фото/Текст извор: ©магазин

Најмладата членка во историјата на американскиот конгрес Александрија Окасио-Кортез се соочи со тужба поради блокирање луѓе на Твитер.  Поранешен член на општината на државата Њујорк Дов Хикинд и Џозеф Саладино, јутјубер кој се кандидирал за Конгресот поднесле тужба против неа.

И двајцата се повикаа на овонеделната пресуда против американскиот претседател Доналд Трамп, според која тој го прекршил законот блокирајќи ги критичарите на социјалните мрежи.

Обвинителите сметаат дека законот треба да се однесува на сите политичари, па ако на Трамп не му е дозволено да блокира луѓе, тоа според нив, не треба да ѝ е дозволено ни на младата политичарка на Демократската партија Александрија Окасио-Кортез, која на Твитер ја следат 4,7 милиони луѓе.

Судот во Њујорк во пресудата против Трамп заклучи дека претседателот ги прекршил законите за слобода на говорот блокирајќи ги критичарите на Твитер.

„Првиот амандман не му дозволува на јавен службеник кој користи социјални медиуми за сите официјални цели да исклучува лица од инаку отворен онлајн дијалог затоа што изразиле ставови со кои службеникот не се согласува“, објасни судот, пренесе Би-би-си.

Хикинд во тужбата наведува дека конгресменката го блокирала кога ја критикувал неа и нејзините политички ставови. Притоа наведува дека „како цврст заговорник на еврејските вредности“ бил блокиран „чисто поради својата поддршка за застапување на еврејските вредности и Израел“.

Неодамна Хикинд ја критикуваше Окасио-Кортез кога на Твитер напишала дека Владата на САД има „концентрациони логори“ на границата со Мексико. Александрија Окасио-Кортез е всушност меѓу многуте критичари на притворите на американско-мексиканската граница и тврди дека луѓето таму се чуваат во тесни и нехигиенски услови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

-Прво, ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот што е направен и чесно е да каже дали е тоа така кажано.

ГЕРОСКИ: “Политичар што тужи новинари МУ СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ„

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, премиерот Заев, вицепремиерката...

Момчето, кој себеси сака да се нарекува новинар, и притоа нема елементарно воспитување и почит кон луѓе кои се далеку над него и се имено новинари со големо ,,Н"

Јоци до Митовски од Инфомакс: Ти си далеку од новинар, немаш занает, немаш новинарски нерв, немаш знаење, немаш абер

Кога Инфомакс ќе престане да ми сече статуси во кои го пишувам Заев, а го нема делот...

Рахиќ додава дека сега во притворот има 18 жени, што е најголем број на притворенички досега, а затворот Шутка е ограничен со капацитетите за сместување.

РАХИЌ: КАТИЦА ВО ПРИТВОР СО 18 ЖЕНИ – во секоја ќелија има по 4, 5 до 6 жени!

Затоа што е лице од посебен интерес поради безбедносна проценка специјалната обвинителка...

Според мене, се работи за класична закана и притисок врз медиумите и другите колеги новинари да не се осудуваат да објават информации, кои тие би ги имале поврзани со власта и аферата „Рекет“, нагласува тој.

Митовски од ИНФОМАКС: “Класична закана и притисок од ЗАЕВ да не се објават информации за Рекет”

Изјавата на премиерот Зоран Заев, кој најави дека ќе ме тужи мене и нашата редакција,...