Тој посочи дека компанијата чиј автобус беше опожарен, ги исполнила условите да добие лиценца за превоз на патници.

Објавил: Перо Милчин | 23 ноември, 2021 19:49

НАЈНОВА ВЕСТ: Автобусот во кој изгореа 45 лица не бил пријавен, почната е постапка за одземање на лиценцата на „Беса транс“

Фото/Текст извор: ©а1 он

Автобусот кој изгоре и во кој животот го загубија 45 лица,не бил пријавен за вршење меѓународен превоз, обзнани министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Тој посочи дека „Беса транс“ има пријавено четири возила, но опожареното, не е меѓу нив. Бочварски, кажа дека Инспекторатот за транспорт требало да контролира дали превозникот имал лиценца за тоа возило. Сега, отпочната е и постапка за одземање на лиценцата на превозникот, а Инспекторатот ќе направи вонреден инспекциски надзор.

„Министерството издава лиценца за меѓународен превоз на патници и извод од патници за меѓународен превоз на патници. Возачот мора да има меѓународен сертификат за превоз на патници. Во системот на МТСП, конкретниот превозник е заведен со четири возила кои имаат лиценци за превоз. Превозникот може да врши превоз на патници откако ќе добие лиценца за моторното возило. По добиените информации од МВР за опожареното возило, констатиравме дека тоа не било пријавено и поради тоа го нема во базата на Министерството за транспорт и врски. Превозникот е должен веднаш, а најдоцна за 15 дена сите промени настаните во поглед на исполнување на условите, тоа е пријавување или одјавување на возило или возач“, кажа Бочварски.

Тој посочи дека компанијата чиј автобус беше опожарен, ги исполнила условите да добие лиценца за превоз на патници.

„Се работи за утврдување на причините за несреќата. Од аспект на министерството со кое раководам, превозникот на 18.07.2018 година доставил барање за добивање на лиценца за превоз на патници. Има целосна документација и ги исполнил условите, за што му е дадена лиценца за превоз на патници. Тој имал уредна документација за техничките услови. Доставил список од ПИОМ за возачи во редовен работен однос.

Ги исполнил условите и му била издадена лиценца. Според комплетната документација, превозникот до овој момент има уредна лиценца за меѓународен превоз на патници“!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите...

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање...

„Според бугарското обвинителство се спасиле 8 патници и дека тоа го забележал сведок. Што се однесува до списокот, во кој недостасува лице од ОАЕ, и за кое се вели дека е осмиот патник, немаме таква информација се уште. Од тоа што знам е дека патниците често ги менувале седиштата од еден во друг автобус, кога одмарале на бензински пумпи. Не знаеме какво ќе биде својството во постапката на сопственикот на компанијата, информира Јовески.

Јовески: Нема траги од експлозив на автобусот

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна...