Девојката според првичната информација од обвинителството е замешана во мамката во која влегол Пино. Ангела е ќерка на возач, дете на разделени родители и проблематична девојка заглавена во многу незгодни друштва и пороци.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јуни, 2019 19:41

НАЈНОВА ВЕСТ: Ангела знаела дека Пино ќе биде убиен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Анѓела Ѓеоргиевска е девојката која е второосомничена за убиството на младиот 26 годишен Пино Секондо.

Девојката според првичната информација од обвинителството е замешана во мамката во која влегол Пино. Како што веќе објавивме, Ангела е ќерка на возач, дете на разделени родители и проблематична девојка заглавена во многу незгодни друштва и пороци.

Денеска основното јавно обвинителство излезе со нови детали и побара притвор за второосомничената за убиството на Пино Секондо Анѓела, бидејќи како што објави Фокус, таа знаела дека првоосомничениот Фуркан, планира да го убие Пино. Таа знаејќи ја целата ситуација го повикала Пино да се најдат во Ѓорче Петров, присуствувала на убиството, а потоа помогнала да се сокрие телото.

-Вечерта на 11 декември 2018 година, осомничената 22-годишна жителка на Скопје го повикала сега починатиот да се најдат кај насипот во Ѓорче Петров, иако знаела дека ќе им се придружи и првоосомничениот со намера да го лиши од живот оштетениот. Кога пристигнал прво осомничениот и со огнено оружје – пушка се заканил кон жртвата, сите тројца се упатиле со патничкото моторно возило кон атар во скопското с. Арачиново. Откако пристигнале осомничените започнале вербална расправија со жртвата, по што првоосомничениот го застрелал оштетениот и го лишил од живот. Осомничената дала придонес кон вршење на кривичното дело со тоа што го повикала сега починатото лице, била присутна во моментот на неговото лишување од живот и учествувала во пренесување на телото на починатиот и негово криење во близина на с. Љуботен. Надлежниот јавен обвинител ценеше дека постојат околности што укажуваат на постоење опасност од бегство и на основан страв дека осомничената ќе ја попречува кривичната постапка со влијание на сведоци, поради што до Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување на мерката притвор против осомничената, се вели во соопштението на ОЈО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За жал тажна е сликата во Јагуновце, основното училиште Александар Здравковски.

МИЗЕРНИ УСЛОВИ, РУИНИРАНО УЧИЛИШТЕ КАКО ОД 5.ВЕК – Ова ли е правиот пат и ова ли е Европското образование на власта и Заев?

Училиштата во поголемите градови ширум земјава се во одлична состојба, но во некои...

Преку гласот на осудените жени Николовска пишува дека во најголемиот затвор тие не се запоставени, туку тешко е да ја најдат силата во самите нив и победник е само оној кој е издржлив и трпелив.

НАЈПОЗНАТАТА ИЗМАМНИЧКА – Соња ТАТ се јави од Идризово: И затворот е искуство!

Дел од затворската поезија и припаѓа и на Соња Николовска, позната по аферите со ТАТ...

Милошоски во емисијата даде и свое мислење за случајот Рекет. Тој вели дека не верува во тоа дека Катица Јанева, поранешната шефица на СЈО рекетирала сама,  без претходна поддршка од страна на високи функционери на владата на СДСМ.

Милошоски за “Рекет”: Боки е само извршител, Катица рекетирала со помош на високи функционери

Во вчерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо...