Сомнеж за корона вирус во Македонија!

Објавил: Стојче Бушин | 25 февруари, 2020 23:13

Најнова вест: На клиниката за инфективни болести се врши тестирање на корона вирус

Фото/Текст извор: ©Magazin

Министерот за здравство Венко Филипче објави на социјалните мрежи дека во овој момент на Клиниката за инфективни болести се врши тестирање на корона вирус кај патничка која пристигнала од Милано.

Министерството за здравство информира дека во моментов на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се врши тестирање на корона вирус кај патничка која пристигнала со вчерашниот попладневен лет од Милано во Скопје.

Резултатите ќе бидат готови во наредните 4 часа, по што веднаш ќе ја известиме јавноста, пишува Филипче.

Доколку има појава на симтпоми, има број до институтот за јавно здравје каде теба да се јави заболениот за веднаш епидемиолог да дојде кај нив во нивниот дом, без да циркулираат низ јавните установи, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Откако се појавија случаи од заболени во северна Италија ги прошиирвме мерките кои претходно беа изнесени. На сите гранични премини и двата аеродроми во Скопје се скенираат сите патници кои доаѓааат од Кина и од северна Италија.

Интервјуирани се од граничните болничари, дали имале контакт со некој заболен. Доколку да доаѓа епидемиолог го носи во излоирана соба и се прегледува патникот, вели Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Вчера министерот за здравство Венко Филипче најави можни нови мерки за превенција за натамошно ширење на вирусот. Тој рече дека денеска ќе имаат дополнителна дискусија во рамки на Комисијата за заразни болести.

МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРА ФАЗА СО 555 ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС- Денеска нови мерки и промена на полициски час?

Бројот на заболени од коронавирус во државава постојано се зголемува. Министерот Венко...

Пациентката позитивна на вирусот роди живо машко новороденче кое е недоносено и се наоѓа на интезнивна нега на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Резултатот за коронавирусот на бебето од Куманово чија мајка е позитивна е негативен!

Негативен е резултатот на бебето родено на 30 март од мајка која беше позитивна на коронавирусот,...