Според сеизмолошките опсерватории, точно на пладне кај Маврово регистриран е нов земјотрес со јачина од 4,4 степени според рихтер.
Јавното комунално претпријатие „Маврово“ утрово ги информира жителите на местата што се снабдуваат со вода во овој регион да не ја пијат водата од чешмите поради заматување.
Како причина се наведуваат земјотресите што утрово беа регистрирани во овој регион.
Земјотрес рано утрово во 04.54 часот е почувствуван во регионот на Скопје, Тетово, Гостивар и околните населени места.
Според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 17 километри југозападно од Гостивар со магнитуда од пет степени според Рихтеровата скала.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.