Никола се наоѓа во стабилна состојба.

Објавил: Сара Фемина | 6 декември, 2019 23:13

НАЈНОВА ВЕСТ: ОБИД ЗА УБИСТВО ВО БУТЕЛ – Вечерва 13 годишно момче прободено со нож

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вечерва во Бутел кај Зегин физички e нападната група на мирни дечиња, со нож во пределот на грбот е прободен 13 годишниот Никола од Бутел, пишува на социјалните мрежи Дарко Костовски член на ВМРО ДПМНЕ.

Дарко Костовски бара од градоначалникот Смилевски и командирот на полициската станица, да дадат се од себе оваа насилна група на деликвенти да се пронајдат и веднаш да се преземат сите законски мерки.

Никола според моите информации сега е во стабилна состојба НО !!!

ЈАВНО БАРАМ ОДМА АМА ОДМА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СМИЛЕВСКИ, КОМАНДИРОТ НА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА И СИТЕ ОСТАНАТИ НАДЛЕЖНИ ОДМА АМА ОДМА ДА ДАДАТ СЕ ОД СЕБЕ ОВАА ГРУПА НА ДЕЛИКВЕНТИ И КУКАВИЦИ ДА СЕ ПРОНАЈДЕ ДА СЕ ИСТАКНАТ НИВНИТЕ ИДЕНТИТЕТИ И ВЕДНАШ ДА СЕ ПРЕВЗЕМАТ СИТЕ ЗАКОНСКИ МЕРКИ, ВЕДНАШ !!!

ВО СПРОТИВНО ЌЕ СЛЕДИ ГОЛЕМ ПРОТЕСТ СО ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ !!!

ОВОЈ СЛУЧАЈ МОРА ВЕДНАШ ДА СЕ РЕШИ, пишува Костовски на Фејсбук.

Инаку Велимир Смилевски на должност во функција Градоначалник на Општина Бутел е од 2017 година. Својата кариера на успешен економист ќе започне да ја гради во приватниот сектор.

Основа своја фирма во 2001година која со текот на годините станува стабилна и успешна компанија. Велимир Смилевски има удели во повеќе македонски компании.
Својата политичка кариера ја започнува во СДСМ Бутел и по сите скалила се качува до претседател на Општинска организација.

Во Република Македонија претходната година од насилна смрт умреле 421 лице, што е намалување за 15.3 отсто во однос на 2016 година.

Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2,1 отсто. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2017 година, како и во претходните години поголемо учество имаат машките лица, и тоа 75,1 процент.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

На 17.01.2020 во 10.55 часот во СВР Скопје, Е.С.(26) од Скопје, вработена во банка, пријавила дека во експозитура на банката на ул.„Исаија Мажовски“ во Скопје три лица со закана со оружје над вработените одзеле пари.

ДЕТАЛИ ЗА ГРАБЕЖОТ ВО НЛБ: Тројца ја ограбиле банката па го запалиле возилото во Ѓорче Петров

МВР ги откриваат деталиите за грабежот во НЛБ банка во Скопје. На 17.01.2020 во 10.55 часот...

Во автомобилот немало сопатници, а возачот кој е на возраст од триесетина години, се здобил со тешки телесни повреди.

Тешка сообраќајна несреќа ја разбуди Македонија – затворен патот Виница-Берово

Од 06:30 часот утрово во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Виница-Берово,...