Според првичните информации станува збор за автобус во кој се превезувале припадници на Армијата, кои со автобусот од своите градови патувале на работните места во Скопје.

Објавил: Стојче Бушин | 29 септември, 2020 9:53

НАЈНОВА ВЕСТ: Седумнаесет припадници на Армијата повредени во сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш

Фото/Текст извор: ©фокус

Сообраќајна несреќа се случи утринава на патот Штип-Радовиш, кај местото викано „Осми километар“, во која учествувале автобус и комбе.

Според првичните информации станува збор за автобус во кој се превезувале припадници на Армијата, кои со автобусот од своите градови патувале на работните места во Скопје.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА потврдува дека во болницата се хоспитализирани 17 лица со телесни повреди и во тек се лекарските прегледи и снимања.
 
Според првичните информации повредните не се во живото загрозувачка состојба.
 
Портпаролот на СВР- Штип, Гордана Панајотова вели дека во тек е увидот на местото на несреќата од страна на екипите, а несреќата се случила  пред седум часот. Надлежните повеќе детали за несреќава ќе соопштат во текот на денот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Целта на овој Јавен повик е поддршка на иновативни решенија за локалните проблеми со кои се соочуваат општините.

ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРЕН ЈАВНИОТ ПОВИК „ЕУ ЗА ОПШТИНИТЕ – ПОДОБРУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ОПШТИНСКИ УСЛУГИ ПРЕКУ ИНОВАТИВНИ КОНЦЕПТИ”

Градоначалникот Шилегов, кој е и претседател на ЗЕЛС, денеска преку Zoom апликацијата...

Јас ќе кажам и ќе оставам на министерот за здравство да дообјасни, Владата ја слуша комплетно Комисијата за здравствена заштита и министерот Венко Филипче кој што работат, ако тие предложат ние ќе постапиме.

Заев: Го повикувам Мицкоски да не го доведува во опасност јавното здравје

Премиерот Заев одговараше на новинарски прашања по одржаната седница на Советот за...

Со цел да истраеме, ве замолувам да држите дистанца, редовно да носите маска и да одбегнувате дружби и семејни собири. Ве молам, направете го тоа за себе и за своите најблиски.

Пендаровски: Состојбата со пандемијата не се подобрува

Засега нема потреба од иницирање на нова вонредна состојба, бидејќи тоа нема многу...

ако што рече Филипче по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност на претседателот Стево Пендаровски, здравствената состојба на Спасовски е стабилна, тој има покачена температура, но нема сериозни проблеми.

Министерот Спасовски е хоспитализиран, потврди Филипче

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е хоспитализиран од вчера, потврди...