Претседателот Вучиќ примен е на Војно медицинската академија, вчера во доцните попладневни часови, објави Ртс.рс.

Објавил: Сара Фемина | 16 ноември, 2019 8:40

НАЈНОВА ВЕСТ: Српскиот претседател Александар Вучиќ ИТНО примен во болница!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Генералниот секретар на претседателот на Република Србија денеска ја извести јавноста дека претседателот Александар Вучиќ, примен е на Војно медицинската академија поради кардиоваскуларни проблеми.

Претседателот Вучиќ примен е на Војно медицинската академија во Србија, синоќа во попладневните часови, објави Ртс.рс.

Нема сеуште информации во каква здравствена состојба се наоѓа претседателот.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА!

Александар Вучиќ е српски политичар кој од 31 мај 2017 е претседател на Република Србија. Вучиќ пред ова бил министер за информирање во владата на Мирко Марјановиќ во периодот 1998–2000 како член на Српската радикална партија. Во 2008 станал член на Српската напредна партија на Томислав Николиќ, а откако Николиќ во 2012 станал претседател на Србија, Вучиќ го преземал челното место во партијата. По парламентарните избори во 2012, Вучиќ станал министер за одбрана и вицепремиер во владата на Ивица Дачиќ (2012–2014).

По победата на неговата партија на парламентарните избори во 2014, Вучиќ станал премиер на Србија. На таа позиција останал до 2017, кога победил на претседателските избори и во мај стапил на местото прв човек на државата.

Александар Вучиќ е роден на 5 март 1970 во Белград, како син на Ангелина и Анѓелко Вучиќ.Тој во 1993 година се зачленил во крајно десничарската Српска радикална партија на Воислав Шешељ, која се залагала за Голема Србија.

На парламентарните избори во 1993 Вучиќ бил избран за пратеник во српското Собрание, а две години подоцна, на возраст од 24 години, станал генерален секретар на Српската радикална партија. Во март 1998 бил именуван за министер за информации во владата на премиерот Мирко Марјановиќ.

Како министер изрекувал парични казни за новинарите кои го критикувале претседателот Слободан Милошевиќ, а забранил и неколку странски телевизиски канали. За време на неговиот министерски мандат бил обвинет за спроведување медиумска пропаганда против косовските Албанци и поттикнување етничка омраза. НАТО во април 1999 ја бомбардирал телевизијата РТС поради спроведување меѓуетничка хајка и оправдување на воените злосторства за време на Косовската војна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

Видеото на преземањето на документите во Земун, ги снимила хрватската тајна служба, се дознава од истрагата.

ЕКСКЛУЗИВНО: Офицерот од видеото работел за Хрвати-Шокантни детали за шпионската афера во Србија

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека претседателот Александар Вучиќ дал налог...

Србија остана без генијалецот Михаило Спориќ, поради што Кембрич прогласи три дневна жалост.

Српскиот генијалец Марко(22) почина од оваа врста на РАК: Нема врска со пушење, но оваа болест е најлоша од сите што ги знаеме!

Рак на белите дробови скоро па никогаш не дава никаков знак, но кога ќе се открие во...

Можно е убиецот да го напишал писмото. Од каде да знаеме ние! Како воопшто Н.Н лицето напишало писмо?

ЕКСКЛУЗИВНО: Се огласи Марјановиќ за обвинението дека неговата мајка го нарачала убиството: ЕДВАЈ ЈА ВРАТИВМЕ ВО ЖИВОТ

Зоран Марјановиќ кој е обвинет дека на 2 април 2016 година ја убил сопругата Јелена Марјановиќ,...