Моментално на терен се екипи на МВР , а коловозната лента е делумно проодна. Не е познато дали има жртви. Увидот е во тек.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 февруари, 2020 22:33

НАЈНОВА ВЕСТ: Страшна несреќа во Скопје- Се преврте возило во населбата Аеродром (ФОТО+ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на булевaрот ,,Јане Сандански”. Најверојатно возилото со голема брзина удрило во столбовите покрај улицата во близина на трговскиот центар ,,Бисер” и се превртело, објави Канал 5.

Моментално на терен се екипи на МВР , а коловозната лента е делумно проодна.

Се уште не е познато дали има жртви. Увидот е во тек.

Во Македонија во просек, околу 150-160 лица годишно го губат животот во сообраќајни незгоди, односно по едно лице на секои 2-3 дена. Околу 6 200 лица, секоја година се повредени во сообраќајни незгоди. Во 2018 година, 133 лица го загубија животот на улиците и патиштата во Македонија, а 5 860 лица се беа сериозно повредени.

Додека пак годишно, 1.3 милиони луѓе, од сите страни на светот, го губат животот во сообраќајни незгоди, а 20 до 50 милиони лица се повредени. Тоа значи дека над 3.500 лица умираат дневно, како последица од сообраќајни незгоди, односно на секои 25 секунди едно лице го губи животот во сообраќајна незгода.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

Од итната помош додаваат дека повреденото лице е префрлено на лекување во скопските клиники.

ТЕШКА НЕСРЕЌА ЈА РАЗБУДИ МАКЕДОНИЈА: Еден загинат и еден повреден во сообраќајка на „Октомвриска револуција“

Како што соопштија од Итна помош Куманово, едно лице загина, а друго е повредено во...