Причината за несреќата засега не е позната, а возачот на моторот е повреден.

Објавил: Стојче Бушин | 20 мај, 2020 21:56

НАЈНОВА ВЕСТ: Тешка сообраќајна несреќа на раскрсницата кај Железничка станица

Фото/Текст извор: ©Фото:Тв21

Сообраќајка меѓу камион и мотор се случила пред малку на раскрсницата кај Железничката станица во Скопје.

Причината за несреќата засега не е позната, а возачот на моторот е повреден.

Полицијата е на терен и врши увид. Повеќе информации наскоро!

Според анализите на МВР, брзото возење е меѓу првите три најчести фактори за случување на сообраќајните несреќи со потешки последици.

Според истражувањата на СЗО, зголемувањето на просечната брзина е директно поврзана со веројатноста за сообраќајна несреќа и со сериозноста на последиците од несреќата. На пример, секој еден процент зголемување на средната брзина предизвикува четири проценти зголемување на фаталниот ризик од несреќа.

За да се намали бројот на неодговрни возачи, во Република Македонија, сообраќајната полиција организира акции и патролира на јавните патишта.
За 2018 година полицијата има 5.145, а за 2019 година 2.804 наплатени казни за брзо возење.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Покрај оваа одлука на Седницата на Советот за безбедност ќе се донесе и мерката да нема групирање на повеќе од 20 лица на одреден простор.

ЕКСКЛУЗИВНО: Вонредната состојба ќе се продолжи за уште две недели

 Канал 5 дознава дека вонредната состојба ќе се продолжи за уште две недели! Покрај...

Реис Ул Улема Шакир Фетаи од денеска е прв човек на ИВЗ, а го наследува Сулејман Реџепи кој речиси 30 години беше исламски верски поглавар во земјава.

ИВЗ го доби новиот поглавар!

Од денеска стапи на функција новиот поглавар на Исламската верска заедница во Македонија. Реис...

Сарај, Чаир, Гази Баба и Бутел се општини со најголем број на заболени а воедно посочи и дека ќе бидат воведени нови рестриктивни мерки доколку тоа е потребно.

Венко Филипче: Повторно ќе воведеме рестрикции!

На денешната прес-конференција Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција...

Неспособноста на министерката Нина Ангеловска – Групер и целиот економски тим на Владата, не треба да бидат оправдување за задолжувањата.

ЛЕВИЦА: „СДСМ ја однесе Македонија во длабока економска бездна“

Антинародната политика на Заев и СДС и натаму продолжува. Откако на најподол начин...