Денеска во 14:00 часот преку Е-112 добиена е информација за дете на возраст од 6 години во населба Красниќи во Тетово, кое играјќи покрај брегот на реката Пена позади куќата во којашто живее, паднало во надојдената вода на реката.
Неговата бремена мајка го забележала падот на детето и веднаш влегла во надојдената вода. По 50тина метри, носена од брзата вода неколку мештани успеале да ја извлечат на брегот од реката, но за жал не и детето.
Веднаш по дојавата, Центарот ги алармираше сите субјекти – екипите на Територијалните противпожарни единици, екипите на СВР Тетово, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брза интервенција ЕБР и тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, кои со помош на чамци ја пребараа целата област.
За жал и покрај брзата интервенција, телото на детето е извадено од реката во безживотна состојба, известија од Центарот за управување со кризи!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.