Забрана за движење од 16 до 05 часот за време на викендите!

Објавил: Едмонд Бекири | 25 март, 2020 18:00

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА: Забрана за движење од 16 до 05 часот за време на викендите!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Забрана за движење на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) во периодот од 16:00 до 05:00 часот, објави Министерот за здравство, Венко Филипче.

Со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронаврусот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд, објави на социјалните мрежи и министерот Оливер Спасовски.

Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот!

Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани.

Во сила остануваат и сите други претходно донесени забрани.

Од 22 март во Македонија е воведен полициски час кој трае од 21 до 5 наутро. Повозрасните од 67 години може да се движат надвор само од 5 до 11 часот, а на младите до 18 години им е дозволено од 12 до 21 часот.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупниот број заболени изнесува 177 лица. Министерот Филипче најави дека викендов или кон почетокот на следната недела ќе биде објавена детална статистика што досега се случува со бројот на пациенти и јасно ќе бидат прикажани дијаграмите и бројките.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој во допис до медиумите вели дека објавените разговори се лаги од трети лица кои нема да ги попречат да даваат плати и да плаќаат даноци.

Вице Заев: Објавените разговори се лаги- Заеви се чесни и вредни Македонци

Откако денеска на Јутјуб каналот се појави нова аудио бомба за Заеви, се огласи и Вице...

Средствата со кои Градот Скопје ќе ги субвенционира занаетчиите за набавка на потребни алати и репроматеријали се во износ од 80% од нивната вредност, но не повеќе од 50.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход!

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СКОПСКИТЕ ЗАНАЕТЧИИ

Градот Скопје со цел да го поттикне развојот на традиционалните занаети во изумирање...

Од аудио бомбата Тушникот се фали дека добил зелено светло од Рашо кој најверојатно е Радиша Бојовиќ зет на Зоран Заев, а ќе оствари средба со братот на Зоран, Вице Заев за да се запали автомобил на човек од Битола затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ.

НОВА АУДИО БОМБА: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче даде црвен картон да не работи ништо

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа...

Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху денеска одржаа прес-конференција и ги објасни деталите за распишаниот повик за субвенции на инвертер клима уреди!

РАСПИШАН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ НА ИНВЕРТЕРИ (АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ СЕ ВРШИ САМО ОНЛАЈН)

Град Скопје вчера го распиша јавниот повик за субвенции на инвертер клима уреди за...