Ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наизразен ќе биде Долж Повардарието.

Објавил: Мирко Бачиќ | 21 ноември, 2020 15:21

НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ: МАКЕДОНИЈА СЕ ПОВЕЌЕ ПОД ВЛИЈАНИЕ НА СТУДЕНИОТ БРАН ОД АРКТИКОТ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Територијата на нашата држава е се повеќе под влијание на студениот бран кој се спушта од Арктикот. До крајот на денов и во вечерните часови, особено во западните предели ќе има повремени слаби врнежи кој на ниските места ќе бидат од дожд и снег, додека на повисоките места и на планините истите ќе бидат само од снег.

Ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наизразен ќе биде Долж Повардарието.

До утре наутро, температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степен, исто така студени утра ќе имаме и понатаму со минимални температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат под лулата, додека во Беровскиот регион истите има услови да се спуштат дури до околу -10 степени.

Од утре времето ќе биде претежно стабилно и суво, што значи продолжува сушниот период во Македонија, времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена, повремено и позначителна облачност. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, што значи дека ќе бележат тенденција на незначителен пораст.

Во следниот период, исто така по котлините и речните долини ќе започнат да растат условите за појава на магла и на ниска облачност.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Што се однесува до врнежите, истите ќе бидат над просекот, односно ќе имаме серија на влажни воздушни бранови кој повремено ќе условуваат поинтензивни врнежи од дожд а снег ќе паѓа само на повисоките планини со надморска височина од над 1500 метри.

ПРВАТА ПОЛОВИНА НА ДЕКЕМВРИ СО НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ И ПОВЕЌЕ ВРНЕЖИ – ДЕТАЛИ

Според моменталните анализи, првата половина на декември месец 2020 ќе помине во знакот...

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и студено со максимална температура која ќе се искачи до околу 4 степени.

ЈУЖНО И ЈУГОЗАПАДНО ВОЗДУШНО СТРУЕЊЕ ВО НАЈАВА: ОД УТРЕ ПОСТЕПЕНО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО

Денеска времето во државава ќе биде сончево и релативно студено со мала локална облачност....