Локално во североисточните предели ќе има услови за сосема слаб локален дожд, и тоа особено утре попладне и навечер.

Објавил: Перо Милчин | 31 октомври, 2020 8:35

НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ: Пред нас претежно стабилно и суво време со мали исклучоци

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во следните денови ќе продолжи периодот на претежно стабилно и суво време, односно времето ќе биде сончево, повремено со умерена облачност која локално ќе биде и позначителна.

Локално во североисточните предели ќе има услови за сосема слаб локален дожд, и тоа особено утре попладне и навечер.

Особено Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени, со исклучок на Беровскиот регион каде истите можно е да се спуштат сосема малку под нулата.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23, 24 степени во најтоплите предели од државава.

И во Скопје и околината ќе имаме претежно стабилно и суво време со максимални температури кој ќе се искачуваат до околу 18 степени.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Ќе биде и претежно тивко па токму поради ова, по одделни котлини ќе има појава на магла и на ниска облачност.

ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА ОД ОВАА НЕДЕЛА ИАКО СТАБИЛНО, СЕПАК ПО ОДДЕЛНИ КОТЛИНИ МАГЛИВО И ПОСТУДЕНО

Под влијание на стабилна и сува воздушна маса, и во текот на следните неколку денови...

Ќе биде и претежно тивко па токму поради ова, по одделни котлини ќе има појава на магла и на ниска облачност.

ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА ОД ОВАА НЕДЕЛА ИАКО СТАБИЛНО, СЕПАК ПО ОДДЕЛНИ КОТЛИНИ МАГЛИВО И ПОСТУДЕНО

Под влијание на стабилна и сува воздушна маса, и во текот на следните неколку денови...

Особено во втората половина од оваа недела, и тоа особено во ноќните и во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност!

НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: И ВО СЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ДЕНОВИ СТАБИЛНО И БЕЗ ВРНЕЖИ

И понатаму нашата територија ќе се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок и...

Освен Македонија, од студениот Арктички бран е зафатен целиот Балкански Полуостров, во делови од Балканот како и од Македонија изминатиов викенд провеа и првиот снег на помала надморска височина.

СТУДЕНИОТ БРАН ВЛИЈАЕ НА ВРЕМЕТО КАЈ НАС: РЕЧИСИ НАСЕКАДЕ ИЗМЕРЕНИ МИНУСНИ МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

Студениот бран кој се спушти од Арктикот и ја зафати нашата територија денес наутро...