Максималните дневни температури на воздухот во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, додека зголемување на облачноста ќе има за време на викендот.

Објавил: Стојче Бушин | 21 октомври, 2020 8:08

НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ: СЛЕДУВА ПОГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО ПРЕКУ ДЕН

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Нашата територија се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), и на стабилна и сува воздушна маса која во текот на следните денови ќе условува стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе биде релативно тивко и без ветер.

Максималните дневни температури на воздухот во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, додека зголемување на облачноста ќе има за време на викендот.

Условите за повремени локални врнежи од дожд ќе започнат да растат од недела па натаму.

Да напоменеме дека поради ведрите ноќи и утра, минималните температури и понатаму ќе бидат ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 8 степени во најтоплите предели од државава.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Особено во втората половина од оваа недела, и тоа особено во ноќните и во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност!

НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: И ВО СЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ДЕНОВИ СТАБИЛНО И БЕЗ ВРНЕЖИ

И понатаму нашата територија ќе се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок и...

Освен Македонија, од студениот Арктички бран е зафатен целиот Балкански Полуостров, во делови од Балканот како и од Македонија изминатиов викенд провеа и првиот снег на помала надморска височина.

СТУДЕНИОТ БРАН ВЛИЈАЕ НА ВРЕМЕТО КАЈ НАС: РЕЧИСИ НАСЕКАДЕ ИЗМЕРЕНИ МИНУСНИ МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

Студениот бран кој се спушти од Арктикот и ја зафати нашата територија денес наутро...

Ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наизразен ќе биде Долж Повардарието.

НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ: МАКЕДОНИЈА СЕ ПОВЕЌЕ ПОД ВЛИЈАНИЕ НА СТУДЕНИОТ БРАН ОД АРКТИКОТ

Територијата на нашата држава е се повеќе под влијание на студениот бран кој се спушта...

Еден од постудените градови утринава е и Битола и Скопје – Петровец каде се измерени температури од околу -5 степени.

ПРОДОРОТ НА ПОЛАРЕН ВОЗДУХ ОД АРКТИКОТ КОН МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНА – ИЗМЕРЕНИ СЕ -10°C

Продорот на поларен воздух од Арктикот кон нашата државава веќе започна уште утринава...