Повремено и локално ќе има нешто повеќе облачност а само утре ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретка појава на грмежи.

Објавил: Сара Фемина | 4 мај, 2021 7:44

НАЈНОВИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: ПРОДОЛЖУВААТ РЕЛАТИВНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Продолжува периодот на претежно стабилно, суво и релативно топло време. Односно времето ќе биде сончево со умерена локална облачност.

Повремено и локално ќе има нешто повеќе облачност а само утре ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретка појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен и од југозападен правец и истиот на некои места повремено ќе засилува. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, додека во најтоплите предели истите во текот на следните денови ќе се искачат и до околу 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, повремено со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 28 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Повремено ќе има нешто повеќе облачност а особено во сабота ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

СТАБИЛНО И ТОПЛО ВРЕМЕ – ЗА ВИКЕНДОТ СЕВЕРЕН ВЕТЕР И МАЛ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ

Денес, како и во следните денови продолжува периодот на претежно стабилно, суво и сончево...

Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе се движат во интервалот од 18 до 26 степени.

ПРОДОЛЖУВА ПРЕТЕЖНО СТАБИЛНОТО И ТОПЛО ВРЕМЕ – МАЛ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ

Денес времето ќе биде умерено, локално и позначително облачно а ќе има услови и за...

Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ со поинтензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.

АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ДЕНЕС ПОПЛАДНЕ УСЛОВИ ЗА ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ – ОД УТРЕ ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ

Денес претпладне времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност....