
Македонија
Вести
Од 1 јуни се отвораат границите на Македонија, а полицискиот час се укинува, препорачува Комисијата за заразни болести, дознава Фактор.
Состанокот беше утринава, а според нивните сугестии дозволено е кафулињата и угостителските објекти да се отворат во четврток. Нивните препораки секако треба да ги прифати и Владата.
За денеска се уште нема закажана владина седница, но не се исклучува да биде одржана.
Моментално полицискиот час е од 19 часот навечер до 05 часот наутро.
Извор од Комисијата за Фактор вели дека полицискиот час секако нема ефект затоа што граѓаните не се придружувале.
Додава и дека и покрај тоа што границите ќе се отворат Македонија најверојатно нема да е пожелна земја за сите други, ако има многу новозаразени.
Владата на Република Македонија на 14 март ги затвори сите продавници во моловите, освен супер маркетите, продавниците за храна и аптеките.
Забранет беше влез на патници од високоризичните земји и земји со среден ризик согласно листата на Светската здравствена организација, освен влегување на посебни лица во земјата по посебно мислење.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.