Најново видео од Никола Груевски во Будимпешта

Објавил: Узунов Бобан | 7 јуни, 2019 17:08

(најново видео) Груевски во брканица со унгарски новинар

Фото/Текст извор: ©магазин

Експремиерот и азилант, Никола Груевски беше начекан од страна на унгарски новинар во Будимпешта, кој се обидуваше да добие одговор на неколку прашања поврзани со бегството, но и контактите на Груевски со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

Како што може да се види од видеото што го споделија медумите во Унгарија, Груевски одби да одговори на поставените прашања.

„Нема да одговорам, можеби во некоја друга прилика“, рече Груевски.

На крајот екс-премиерот се качи во возило и го напушти објектот. 

ПОТСЕТУВАЊЕ КАКО НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЈА НАПУШТИ МАКЕДОНИЈА

Ветуваше дека нема да бега, бараше да го затворат во замена за сите други обвинети, најавуваше победа на избори… На крајот побегна.

Пет дена се поставуваше прашањето каде е Никола Груевски се додека тој не се јави Будимпешта изјавувајќи дека побарал политички азил. Надлежните органи сеуште  утврдуваат како Груевски без патни исправи стигнал до Унгарија, кој му помогнал и зошто.

8 ноември 2018 година беше денот кога тој требаше да се јави во истражниот затвор „Скопје“ на издржување на двегодишната казна во случајот „Тенк“. Ги искористи сите правни лекови и усепа да го одложи барем на кратко, но доволно за да го спроведе својот план во движење.

 Кривичниот совет ги одби сите негови жалби и со тоа се исцрпи последната правна можбност тој да не заврши во затвор. Истовремено Груевски се исклучува од мрежите вибер, сигнал и ватсап, го остава телефонот вклучен но не одговара на повиците.

Судот истиот ден, ревносно, неколку пати испраќа судски доставувач да му го врачи решението и со тоа да се исполни последниот услов пред извршување на казната, но неуспешно Груевски веќе беше заминат кај неговиот личен пријател Виктор Орбан. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно