Преку гласот на осудените жени Николовска пишува дека во најголемиот затвор тие не се запоставени, туку тешко е да ја најдат силата во самите нив и победник е само оној кој е издржлив и трпелив.

Објавил: Весна Петровска | 22 јануари, 2020 11:08

НАЈПОЗНАТАТА ИЗМАМНИЧКА – Соња ТАТ се јави од Идризово: И затворот е искуство!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Дел од затворската поезија и припаѓа и на Соња Николовска, позната по аферите со ТАТ банката. На неа и припаѓаат последните страници од овој број на весникот. Раскажува за љубовта, за хуманоста, за пријателството, за скромноста, за тагата и зборува во име на жените осуденички, објави МКД.мк

Преку гласот на осудените жени Николовска пишува дека во најголемиот затвор тие не се запоставени, туку тешко е да ја најдат силата во самите нив и победник е само оној кој е издржлив и трпелив.

„Ние сме на оваа страна од решетката. Сите други се од другата страна. Сонцето изгрева и за нас и за нив, а радоста и тагата се исти за сите. Овде нема националност, образование, возраст. Сите сме во маката и надежта заедно. Се караме, се расправаме за минорни работи за надвор, а за овде големи, што е нормална работа. Сепак сме вплотени и во радоста и во тагата и кога се слави роденден и друга фамилијарна веселба, и кога има жалосни моменти, кога има болести па дури и смрт на близок член од фамилијата. Заедно се прославува и Велигден и Бајрам. И сите чистиме и сме почастени, а собите наместени со јадење и пиење, па и поскромно да е, за нас се величествени и ние се чувствуваме и однесуваме како да сме во ресторан, со дозволената музика, понекогаш и погласно се заигрува и орце и чочек и тоа е еднаквоста и заедништвото во маката и преголемата надеж за подобро утре“, пишува Николовска во својата поезија.

Затворот, вели најголемата измамничка асоцира на лоши работи, а најважно на изгубената слобода, но додава дека и зад решетки постои љубов и другарство.

Повеќе прочитајте ТУКА 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој прокоментира за трговската ознака, и вели дека ние треба да бидеме многу понастојчиви и политички, не само правно. Потсетува дека за тоа е формиран тим од експерти од двете страни, кој треба во рок од три години да донесе решение за ознаките за се што се извезува од нашите две држави во светот.

Пендаровски: На албанците името Македонија, идентитетот и јазикот македонски, не им значи!

Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера во интервју за емисијата Само вистина...

Златев за пример го посочи Доналд Трамп кој ги обвинува медиумите кои се критички настроени кон него и неговата политика. Се расправа со „CNN“, се расправа со „New York Times“, ги обвинува за ширење на „Fake News“.

Златев: Реагираат на мене бидејќи им ги откривам скандалите!

Новинарот иглавен и одговорен уредник на порталот ЕкономскиЛидер, ЉупчоЗлатев, во...

Не обвинија само поради тоа што си ја сакаме Македонија. Секој ден сме бомбардирани со лажни вести и афери.

Мизрахи: Ќе ставиме крај на ЗАЕВИЗМОТ- не обвинија бидејќи си ја сакаме МАКЕДОНИЈА

Разрешената министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи на социјалните...