Вработените во секторот на производство на кожа се најслабо платени во земјава.

Објавил: Сара Фемина | 22 декември, 2018 12:14

Најслабо платени работници,се вработените во секторот на производство на кожа

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Нето плата од 14 710 денари во октомври земале вработените во секторот производство на кожа и слични производи од кожа.

 Скоро исти примања имаат и оние кои работат во секторот услуги со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата. Тие имале нето плата од 14 676 денари.
Во октомври 2018 година просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесува 24 817 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2018 година, изнесува 24 817 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, изнесува 106.3.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (22.2 %), Информации и комуникации (18.7 %) и Преработувачка индустрија (11.0 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.1 %), Административни и помошни услужни дејности (3.9 %) и Други услужни дејности (3.8 %)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Владините претставници информираа дека повикот за финансиска поддршка ќе биде објавен во најбрз можен рок, во текот на наредната недела, за вкупен износ од 61 милион и 500 илјади денари, а на него ќе може да аплицираат и да бидат поддржани сите компании кои организираат настани и кои ќе исполнат јасни и прецизни критериуми.

Битиќи: Следната недела ќе биде објавен јавниот повик за финансиска поддршка од 1 милион евра за компаниите

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација...

Првиот пакет антикризни мерки е имплементиран со 90,1%, вториот пакет мерки е 100% имплементиран, третиот пакет 75,4% и четвртиот пакет 72,7%.

ЗАЕВ: Економијата во македонија е жива и стабилна, се радуваме

Буџетските приходи се повисоки во однос на преткризниот период, 4,4% е растот на вкупните...

Оваа мерка, како што денеска одлучи Владата на Македонија, по предлог на Комисијата за заразни болести ќе важи до 20 април 2021 година (среда), објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Бектеши: Од среда целосна забрана за работа на угостителските објекти, да не се прават дополнителни залихи

Почнувајќи од 7 април 2021 (среда), сите угостителски објекти (кафеани, ресторани, барови,...