Вкусно пилешко месо.

Објавил: Сара Фемина | 7 април, 2020 22:07

НАЈСОЧНА ВЕЧЕРА: Пилешко полнето со МОЦАРЕЛА во доматен сос!

Фото/Текст извор: ©Foto: Shutterstock магазин.мк

Моцарела е заштитен италијански производ кој наоѓа широка употреба во гастрономијата. Најчесто се јаде природна, заедно со шунка и масло или како прилог во салати: типична е салатата капрезе со домати, оригано, босилек и маслиново масло. Моцарелата многу се употребува и во подготвување на пица, калцоне и панцерота.

Моцарелата, во сите свои варијанти, препорачливо е да се употребува заклучно пет дена од нејзиното производство.

Моцарела е заштитен италијански производ кој наоѓа широка употреба во гастрономијата.

Потребни состојки за три лица:

Три пилешки филети
Моцарела сирење – 100 грама
Брашно 250 грама
Шест јајца разматени
Лебни трошки 230 грама
Масло – една чаша (околу 200 мл)
Пасирани домати 700 грама
Пармезан 50 грама
Две лажици свеж босилек
Сол и бибер по вкус

Подготовка:

Солете го филето од пилешко и исечете го на средина со нож. Ставете моцарела и пармезан и добро притиснете за да се затворат.

Брашното, јајцата и лебните трошки разделете ги во три различни чинии. Натопете го пилешкото едно по едно во брашното, потоа во јајцата и на крај во презлата.

Загрејте го маслото во тава и пржете го додека порумени.

Загрејте ја рерната на 180 C. Во сад за печење, рамномерно распоредете 2/3 од сосот од домат и ставете го го пилешкото. Истурете го остатокот од сосот преку месото. Печете околу 20 минути.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.