Очекувам следниот месец да го именуваат Груевски за почесен министер за финансии.
Зошто да не?

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 декември, 2020 3:47

Најчевска: Како може Бучковски како осуден криминалец кој се извлече од затворската казна да биде претставник со Бугарија?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот премиер и министер, Владо Бучковски, ќе биде специјален претставник на македонската Влада за Бугарија, откако Владата пред два дена го именува Бучковски на оваа позиција!

Бучковски е и поранешен министер за одбрана и некогашен лидер на СДСМ, кој во последно време е активен со своите ставови за недоразбирањетата помеѓу Македонија и Бугарија.

Именувањето е со мандат од една година, а целта да се назначи специјален претставник е да се заокружи со успех процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија и да се создаде атмосфера за реализација на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и добрососедство“, соопшти Владата.

На социјалните мрежи реагираше и професорката Мирјана Најчевска кој именувањето на Бучкоски за специјален претставник со преговорите со Бугарија го смета за тотален апсурд!

Само не можам да се решам дали ги бираат според криминални способности или според глупост. Можеби и двете.
Ахахахах.
А можеби според отсуството на ‘рбет.

Очекувам следниот месец да го именуваат Груевски за почесен министер за финансии.
Зошто да не?

Ако може Бучковски како осуден криминалец кој се извлече од затворската казна со помош на корумпираните судии кои доведоа до застарба на случајот да биде специјален претставник на Владата во еден од најсензибилните преговори, зошто да не може Груевски кој сега за сега е осуден за многу помалку да не биде почесен министер за финансии?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Граѓаните реагираат дека секое пазарување се соочуваат со ново ценовно изненадување. Тоа го покажа и статистиката инфлацијата скокна за 16 отсто на годишно ниво

Македoнскиот леб е меѓу најскапите во регионот, цените и понатаму растат

Цената на лебот продолжува да расте. Одредени видови на леб деновиве се со повисоки...

Снимката на која се гледаат огромни колони автомобили на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година, стана вирална на социјалните мрежи.

СВЕТ Руските цивили масовно го напуштаат Крим: Овде беше толку убаво

Како што пренесува британски Телеграф, во автомобилите кои создале голема гужва се...