Јас почнувам да се прашувам зошто ли баравме да се симне ВМРО-ДПМНЕ од власт!

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 декември, 2020 6:06

Најчевска: Вратете го Грујо, многу е глупо да имаме груевизам а без Груевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешните вицпремиер Владимир Пешевски и министер за финансии Кирил Миновски, од владата на Никола Груевски се дел од поширокиот советодавен тим на сегашниот вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи, објави Телма.

Битиќи во гостувањето на Телма не одговори директно дали овие поранешни високи функционери од претходната владејачка гарнитура се дел од неформалната платформа „За татковината со љубов“, но на прашањето дали тие се дел, тој одговори дека секој што ја сака татковината е дел од тимот.

„Можам да кажам дека и тие двајца си ја сакаат татковината“, рече Битиќи.

Инаку, „За татковината со љубов“ е неформално советодавно тело иницирано токму од Битиќи, а неговата цел треба да биде поголема вклученост на експертската јавност и професионалците од сите економски сфери во носењето државни политики и придонес за економски развој на земјата, пренесе 360 степени!

На 3 декември годинава, ова советодавно тело го одржа и првиот онлајн-состанок, а како што тогаш информираа од Кабинетот на вицепремиерот Битиќи поканети за учество да земат се универзитетски професори, економски експерти од невладини организации, поранешни министри, стопанственици, без разлика на нивната политичка наклонетост, родова или етничка припадност.

 

На ова реагираше и професорката Морјана Најчевска која предложи Мијалков да стане замник министер за внатрешни.
 
Јас почнувам да се прашувам зошто ли баравме да се симне ВМРО-ДПМНЕ од власт.

Па тие сите биле професионалци.

Мислам дека е редно Мијалков да стане замник министер за внатрешни.
И ве молам, вратте го Грујо.
Многу е глупо да имаме груевизам а без Груевски, напиша Најчевска!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...