Мирјана Најчевска во „ClickPlus” даде интересно видување околу маргинализираните групи. Таа смета дека тоа се децата и старите луѓе, и дека старите луѓе треба да излезат голи на улица и да ги бараат своите права, додавајќи дека таа прва ќе излезе.
– Прават паради , да се побунат за тепањето и просјачењето и да се побунат против малтретирањето психичко и физичко од родителите и наставниците па може тогаш и ќе ги забележите треба старите да се појават и да почнат да се бунат за тоа што не можат да земат кредити, затоа што не можат осигурување да земат затоа што медицината воопшто не им обрнува внимание, туку Брза помош не ти доаѓа над 70 години и тогаш јас сум за сите стари лица голи да излезат на улица да направат парада во која можеби
ќе го привлечат вниманието, истакна на дебатата професорката Мирјана Најчевска која добил аплауз од сите присутни.
Проф. д-р Мирјана Најчевска е родена во Скопје на 24.11.1956 година. Дипломиран правник (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, 1979). Магистер по политички науки (1986), доктор по правни науки (1995). Редовен професор/научен советник во Институтот за социолошки и по- литичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, член на пове- ќе експертски и професионални тела на национално и меѓународно ниво, граѓански активист и бранител на човековите права. Раководител на над 30 проекти и учесник во над 40 проекти. Автор или коавтор на над 50 анализи, извештаи, научни и стручни трудови од областа на дискриминацијата, меѓуетничките односи, заштитата на правата на маргинализираните групи и улогата на државата во промоцијата и заштитата на човековите права. Активно е вклучена во изработката на законски текстови и транспонирањето на ЕУ директивите во националната легислатива.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.