
Македонија
Фејсбук
Премиерот Зоран Заев денеска на рочиштето за Таргет-Тврдина“ кој беше повикан во својство на сведок, рече дека четири пати одел во владата на средба со Никола Груевски пред да ги објави снимените разговори.
Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков е виновникот за прислушувањето, но одговорност има и бившиот лидер на ВМРО ДПМНЕ и екс премиерот Никола Груевски, кој ги добивал материјалите, рече премиерот Зоран Заев по денешното сведочење во Кривичниот суд за случајот „Таргет -Тврдина“.
„Сашо Мијалков и те како е виновен како директор на УБК. УБК тоа го правела, но лошотијата, злобата доаѓа од тој што го конзумирал тоа. Чесен политичар го спречува тоа, ако увиди го пријавува тоа, а не да го конзумира, па да ги слуша новинарите, ај опонентот, па и кога разговараат со своите деца, па кога имаат и домашни и семејни проблеми, па и невладините организации, па и верски заедници, бизнисмени, се. И те како сите во веригата на одговорноста, како што законот утврдува според мене, го прекршиле законот“, рече Заев.
Сашо Мијалков денеска во судот не се соочи со премиерот Зоран Заев, бидејќи неговата одбрана немаше прашања.
На социјалните мрежи реагираше и професорката Мирјана Најчевска во која вели дека Заев се спрема да го врати Мијалков на неговата поранешна функција и да го ослободи од секакво обвинение.
Само мене ми се чини или Заев се спрема да го врати Мијалков на неговата поранешна функција и секако да го ослободи од било какво сомнение.
Сосема нормално така, пишува Најчевска.
Мијалков е едноставно жртва на Груевски. Како и Гордана и Пешев и…
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.