
Македонија
Фејсбук
Граѓаните нема да имаат доверба и ниту една мерка нема да успее се додека не го промениме системот и на управувачките позиции дојдат луѓе кои знаат и умеат и имаат искуство, пишува на Фејсбук статус професорката Мирјана Најчевска.
Најчевска вели дека луѓето во Македонија немаат доверба во власта бидејќи тие кои управуваат со државата не се знае на каков начин дошле на тие позиции.
Луѓето кои не веруваат во институциите нема да спроведуваат ниту една мерка која доаѓа од тие институции.
И да ви кажам право не знам зошто би им верувале, потенцира Најчевска.

Како може да имаат доверба во тие кои управуваат со државата кога знаат како дошле на тие позиции. Гласале затоа што им се заканиле, ги поткупиле, воопшто не гласале ама кутиите биле полни,
Како да има доверба во институција која ја раководи неговиот соученик од основно кој со крајни напори научил да множи и дели.
Зошто да верува во службеник за кој знае дека се запослил на место за кое нема ни знаења ни вештини ни искуство.
Зошто да почитува полицаец кој до вчера со него крадел.
Како да верува во премиер кој се окружил со кафански певаљки, хоштаплери и јагуриди.
Што да очекува од судија кој ја купил дипломата.
И граѓаните нема да имаат доверба и ниту една мерка нема да успее се додека не го промениме системот и на управувачките позиции дојдат луѓе кои знаат и умеат и имаат искуство. И кои нема да ти ги запослат синот или жената, ама ќе создадат институции кои функционираат, тврди професорката Мирјана Најчевска.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.