Зошто вчерашниот марш беше глуп?

Објавил: Перо Милчин | 19 февруари, 2020 7:27

НАЈЧЕВСКА: Маршот на СДСМ беше ГЛУП – пополека но сигурно СДСМ станува ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

СДСМ фактички е политичка партија која во моментов ја држи власта во државата. Значи со овој марш СДСМ ни вели дека не знае што да прави со таа власт и не знае како да се справи со проблемот на владеење на неправото и повикува да дојде некој да го реши овој проблем, пишува на социјалните мрежи професорката Мирјана Најчевска.

Зошто вчерашниот марш беше глуп?

Затоа што го иницираа и предводеа луѓето кои имаа шанса од позиција на власт да направат суштински промени во правосудниот систем, а не направија, вели Најчевска.

Граѓанските организации маршираат за да може да се слушне гласот на граѓаните кога не се задоволни од политиките на оние кои што се на власт.
СДСМ фактички е политичка партија која во моментов ја држи власта во државата. Значи со овој марш СДСМ ни вели дека не знае што да прави со таа власт и не знае како да се справи со проблемот на владеење на неправото и повикува да дојде некој да го реши овој проблем.

Јас и понатаму тврдам дека СДСМ е подобра партија од ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа СДСМ не покажа дека има капацитет (морален и интелектуален) да го деконструира груевизмот. И јас немам верба дека тоа може да го направи.

Вчерашниот марш само ми го потврди стравувањето.
СДСМ пополека но сигурно станува ВМРО-ДПМНЕ, пишува Најчевска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Рубин е вработен во Судот и реши јавно преку социјалната мрежа Фејсбук да објави дека е заразен од корона а воедно информираше дека моментално е хоспитализиран во прилепската болница.

Прилепчанецот Рубин вработен во суд се заразил од коронавирус додека бил на работа!

Рубин Лефтер од Прилеп е еден од совесните граѓани кои реши да сподели со своите најблиски,...

Докторот аперилаше до Министерството за здравство и министерот Венко Филипче, да не се слушаат препораките на СЗО, туку да се започне со масовно тестирање на народот за Коронавирус бидејќи како што вели со сигурност има повеќе заразени од овој вирус а не само оние за кои веќе сме информирани.

Тројца од персоналот на болницата „Плодност“ позитивни на корона вирус !

Доктор Тасе, од болницата Плодност во Битола се огласи преку официјалниот Фејсбук...

Откако Михаела се огласи на својот Фејсбук и министерот за здравство се заблагодари јавно што таа била совесна и за време на целото патување носела маска и ракавици, а и веднаш самоиницијатвно се пријавила на клиниката за инфективни болести.

Се чувствувам како најсреќниот човек на светот- младата Михаела од Скопје го победи Коронавирусот!

Младата Михаела Јаневска од Скопје е една од првите пациентки кои беа заболени од коронавирус...

Само еден единствен денар ако се утврди со ФАКТИ И ДОКАЗИ дека јас сум зел повеќе пари за извршената услуга јас сум спремен да одговарам во секое време.

По пресудата за затвор се огласи Џими од групата “Молика”: Битката продолжува, нема да ме скршите!

Вчера во случајот „Транспортер“ беа осудени поранешниот градоначалник на Битола,...